Винсент Нолте, германски имигрант во САД и трговец со памук од 19 век, станал милионер откако ја преживеал епидемијата на жолта треска во Њу Орлеанс. Самото тоа што преживеал а други во неговата бранша не, му овозможило економска и општествена предност. Дали стекнувањето антитела на Ковид-19 може да ги има истите последици?
Поради пандемијата, опседнатоста со миењето раце и зголемената хигиена е нагласена. Но и без тоа, дел сме од „дезодорирана“ епоха, во која стереотипно сметаме дека нечистотијата и опојниот мирис на немиени мишки не им пречеле на нашите предци. Што и не е баш така.
Во напливот на протести и реакции по убиството на Џорџ Флојд во САД, и во Британија - некогашната голема колонијална сила - се случува преиспитување на минатото и на актуелниот расизам. Во тој излив на гнев страдаат и некои досегашни културни икони, кои (најверојатно) немаат никаква врска со темата.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Земаме воздух 25.000 пати дневно, без да мислиме на тоа. Но пандемијата фрла нова светлина на респираторните болести и здивовите кои ги сфаќаме здраво за готово.
Малку време требаше да помине од пандемијата, па луѓе низ целиот свет да почнат да известуваат дека нивните соништа станале поживописни, побизарни од обично. Истражувачите се обидуваат да објаснат зошто.
Фабијан Авенариус Лојд, подоцна Артур Кревен, бил роден во 1887 во Лозана, а последен пат бил виден на брегот близу Салина Круз во Мексико во 1918. Помеѓу овие датуми, неговиот живот делува како материјал за филм.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Секоја трета сабота во февруари во јужниот дел на островот Хоншу се одржува фестивал на кој се собираат и до 10.000 (речиси) голи мажи. После него во Јапонија доаѓа пролетта.
Се разбира, бевме разочарани што некој-си-таму филм за фабрика за автомобилски стакла во Охајо, продуциран од некои-си-таму Обамовци, ни го зема заслужениот Оскар за документарец. Но кога лутината стивна, тој сепак требаше да се погледне, не за да се види дали е подобар од „Медена земја“, туку дали е воопшто добар.
Додека светот се соочува со коронавирусот, да се потсетиме на пандемијата на грип од 1918 која зафатила 500 милиони луѓе низ светот, дури и на Арктикот. Се смета дека тој однел 50 милиони жртви, што од овој настан прави една од најсмртоносните епидемии во човечката историја. Голем број славни личности му подлегнале, но имало и такви кои успеале да се извлечат.
Одличниот јужно-корејски филм кој е во конкуренција за Оскар во категоријата најдобар странски, заедно со нашиот „Медена земја“, наскоро ќе се прикажува во мал број кино сали во нова, црно-бела верзија.
Празниците не се завршени, но можеби веќе ви е јасно дека наскоро ќе мора да се сврти малку на диета и поздрав живот. А можеби кифлите помалку се фаќаат ако се оди на прсти?