Американската куќа „Неон“ која е дистрибутер за САД на „Паразит“ (исто како и на „Медена земја“), објави дека режисерот Бон Џун Хо подготвил посебна црно-бела верзија на своето дело, кое ќе се прикажува во мал број кино-сали во Њујорк и ЛА почнувајќи од 31 јануари.
„Црно-белиот филм е изворот на кинематографијата“, изјавил Хо по овој повод. „Иако станав режисер во 2000-тите, ги идеализирам прекрасните црно-бели филмови на Реноар, Фелини, Куросава, Џон Форд и кинематографијата на Грег Толанд. Секогаш сакав да направам црно-бел филм што беше желба и на мојот кинематограф Хонг Кјунг Пјо.
Крајно сум среќен што можам да го претставам „Паразит“ како црно-бел филм на голем екран. Ќе биде фасцинантно да се види како се менува искуството на гледачот кога еден идентичен филм е претставен во црно-бела варијанта. До сега го изгледав два пати, на моменти филмот ми изгледаше повеќе како бајка и ми создаде чудно чувство дека гледам приказна од стари времиња. Вториот пат, филмот ми делуваше пореалистичен и поостар, како да ме пресече со нож. Исто така ги акцентираше изведбите на глумците и изгледаше дека повеќе се занимава со ликовите. Се надевам дека сите во публиката ќе можат да го споредат своето искуство со колор верзијата.“
Ова сепак не е прв пат Хо да десатурира свој филм - тој и спомнатиот кинематограф дигитално го обезбоија филмот „Мајка“ по неговото премиерно прикажување во 2009.
Букбокс осврт за „Паразит“ тука