Јас сум четврта категорија на живот: немам возачка, немам автомобил, немам ни електричен тротинет, ни точак, ни двор. Мерен со технолошки критериуми на брзината и октанската ефикасност, јас сум нешто меѓу пензиониран полжав и уморна желка.
„Тајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните. Или што би рекол Кочо Рацин: „Копај си црни гробови за туѓи бели дворови!“
Прскањето против комарци претходниот викенд даде одредени резултати, така што сега комарци има уште повеќе, плус се побесни. Ги изнервираа со некое евтино срање па се дигнаа и оние мамурните кои не планираа да излегуваат викендов. Сега гризат ко териери.
Во Америка паѓаат статуи на историски ликови кои поседувале робови или имале врска со ропството на црнечкото население, меѓу нив и оние статуи на основачот на државата Џорџ Вашингтон. Ами Хоровиц сака да провери дали на луѓето им е дојдено да расчистат баш со сите кои имале робови.
Која е причината заради која Денко Малески замижува пред овие написи и дела? Која е причината заради која Денко не верува на волјата на сопствените предци за своја сопствена слободна татковина? За своја посебност?
Верувајте, сакате да го слушнете говорот на раперот Килер Мајк во поддршка на Берни Сандерс. Страсно, моќно, човечно, искрено и без калкулантство. Емоции и увереност какви ниту сме виделе ниту ќе видиме на наш терен. Од што ни направи ќеиф, го преведовме.
Да признаеме, играњето онлајн видео предизвици на сите ни е забавно и многу често се „фаќаме“ себеси како сме поминале часови играјќи ја нашата омилена игра. Но, започнувајќи од денес играњето онлајн видео предизвици, не само што станува поинтересно, туку и исплатливо, благодарение на Cashback World.
Може не е убаво да си црна овца ама далеку побетер е да си црно куче, во дом со уште три бели кучиња. Можеби малиот стварно е кабаетлија во врска со саламата ама погледнете како убедливо го накодошија овие од Кју Клукс Клан.
Во 2010, кога почнувавме со МакеДокс, често добивавме коментари, и тоа од луѓе блиски нам и до фелата кои сумирано би можеле да се парафразираат некако вака - ќе пуштате филмови за бели мечки и лавови во Куршумли? Зошто?
Е тоа е тоа што ужасно ме нервира: твојата сопствена влада ќе направи сè за да те дисквалификува како потенцијален инвеститор во корист на крупниот бизнис, а ти ќе направиш сè за да ги заобиколиш правилата и некако ако може, колку се може, да извадиш некој ќар од ситуацијата. Да се профилираш како играч, а не како раја. Далеку сме ние од нормален свет, мои драги браќа и сестри Македонци.
Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара.
Пред сами да се повикате и да си ја дадете улогата да ја образувате рајата што се тоа навивачи, колку се опасни, бедни и штетни, отидете барем еднаш на некој натпревар. Видете од прва рака за каква супкултура станува збор.
Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги мразиме, за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот.