Холандскиот снимател починал во својот дом во Амстердам на возраст од 78 години, по неколкугодишно боледување од деменција. Во 2016 тој беше добитник на Златната камера 300 на фестивалот „Браќа Манаки“.
Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.
Откако станала ѕвезда по премиерата на првиот дел на Супермен во 1979, Кидер се обидувала да заигра во филм во кој ќе доминира. Иако имала некои забележителни помали настапи и добри критики, постојано ја барала таа, едната Голема улога. Почина на 69 години без да ја најде.
Од 8-19 мај се одржува 71-то издание на еден од најзначајните филмски фестивали на планетата. Добивањето на Златната палма или на некоја од другите фестивалски награди значи многу за иднината на секој филм во конкуренција. Кој би можел да биде тој оваа година?
Па пауза од 746 дена и вкупно 78 натпревари судиите во Шпанија го досудија првиот пенал над Барса во Ла Лига, на гостувањето против Лас Палмас кое заврши 1:1. Но никој не знае зошто.
Не му ги критикуваме квалитетите, ама без сомнение Луиз Суарез е пргав и прљав играч кој се служи со неспортски потези скроз недостојни за некој кој е дел од институција како Барселона. Следно коло играат со Лас Палмас, па со Атлетико Мадрид. Во последните 4 минути од дуелот со Џирона се гледаат апла 4 ситуации во кои сака да добие жолт за да го рипне Лас Палмас и да биде раат за дербито. Каков цреп.
Еибар е мало местенце со околу 30.000 жители во Баскија. Истоимениот тим од овој град е најпријатното изненадување оваа зима откако екипата игра во најдобра форма во Европа заедно со Сити и Јувентус.
Еден од ретките тренери со кој Пеп Гвардиола сака да седне да се напие вино и да дискутира за фудбалот цела ноќ. Пако Хемез е култен јунак на предградието на Мадрид, Ваљекано. Пола Шпанија сака еднаш да го види како селектор на репрезентацијата.
Тоа што Меси сезонава во Ла Лига има 12, а Роналдо 1 гол не смее да биде причина Португалецот на водство од 3:0 против Лас Палмас да прави гримаси, како да е 0:3. Вака излегува дека опсесија му се головите, а не Реал да победува.
21 годишниот Марко Асенсио беше тивок во последно време, исто како Реал Мадрид, ама кога ќе се појави меѓу стрелците голот мора да е посебен. Ова дете е иднината на Кралскиот клуб. Пазете го проектилов против Лас Палмас.
Најјакиот у Козле во синглови доби конкуренција. Замислете извесен Петар се дрзнал на глупиот понеделнички меч од шпанско првенство да стави 1000че. Да не ви е јавена?
Да ја играш Лас Палмас - Селта сингл 7+ од нигде никаде (првиве 5 дадени гола на 8 меча, а вториве 13) и тоа во понеделник кога не можеш нормален тикет да составиш од што е тапа со утакмици, треба стварно да си махериште или голем среќко. Нашиов махер едноставно има њух за синглови и често нѝ праќа вакви тикети.
Во низата обвинувања кои следеа по случајот со Вајнстин од актерки кон нивни бивши колеги за сексуално и друго малтретирање еве едно кое (можеби) го објаснува наглото влегување, но исто така наглото излегување од филмскиот свет на Бјорк, по само еден, одличен филм.
Во квалификациите за Светско 2018 „Албиселесте“ имала убедливо најмногу удари кон противничкиот гол 66 од кои 22 биле во рамките а само 4 завршиле во мрежата. Имаат сè што им треба, и добар селектор и играчи само треба да поработат на реализацијата за која има страшен мастраф.
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го одржа најстресниот тренинг за својата земја кој траеше само 23 минути. И покрај осумте години репрезентативни настапи и освоено Европско и Светско првенство, навивачите бараат да си замине.
Меѓу илјадниците навивачи кои беа во исчекување дали ќе се игра натпреварот меѓу Барселона и Лас Палмас, имаше и двајца нашинци кои немаа среќа туристичкото разгледување на преубавата метропола да го крунисаат со фудбалски меч и да го видат Меси во живо.
Колку и да барате, сигурно нема да најдете помалерозни навивачи на Барселона од овие тројца. Се остреле да одат на Камп Ноу пред три месеци дури од Австралија и на крај останаа да дремат пред стадион.
Во тензичната политичка ситуација во Каталонија, Барселона прво донесе одлука да го одложи мечот против Лас Палмас, па откако Фудбалската федерација на Шпанија им се закани со казни, се премисли. Мечот се одигра без публика, ама на терен сепак се појави публика или поточно падобранец кој е нејасно како се шверцал на стадион.
Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.
Во текот на секој натпревар сезонава, под дресот на својот Лас Палмас, Ганецот Боатенг ќе носи дрес посветен на младиот Нури чие оштетување на мозокот ја потресе Европа.
Шпанскиот репрезентативец Витоло (27) кој три пати ја освои Лига Европа со Севиља, решил да потпише со Атлетико Мадрид кој е суспендиран и не смее да купува играчи до јануари, но нашол дупки во правилата.
Вчера се отвори Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17-28 мај. Претседател на жирито оваа година е Алмодовар, а во него, соочен со презир на европските филмофили, членува и Вил Смит. Моника Белучи го водеше отварањето, а дел од нејзиниот настап беше залапувањето на сцена со францускиот колега, комичарот Алекс Луц. И ова е само почеток.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.