Матеа и Марко од Скопје заминаа на шетање во Барселона во најнезгоден момент, кога градот и целиот регион Каталонија беше на нозе во обид да направи исторички потег и да се оддели целосно од Шпанија како самостојна држава.
И додека гласањето на референдумот за независност на Каталонија течеше доста тензично со инциденти, тие заедно со толпата чекаа пред Камп Ноу со надеж дека ќе се отворат вратите за мечот.
Барселона прво реши да го одложи мечот, а потоа во 5 до 12 ја промени одлуката и пресече дека ќе ја одигра средбата без публика. Тоа допринесе до конфузија кај навивачите кои се прашуваа дали ќе ги добијат парите назад.
Навивачите пополнувале формулари со барање за да им ги рефундираат средствата, а клубот на крај не дозволи да си го извалка реномето. Матеа и Марко само еден ден по одигрувањето на мечот добија мејл од Барселона дека парите (инаку 148 евра) ќе им бидат вратени на картичка за неколку дена.
Дечки повеќе среќа следниот пат и не тагувајте, туку прво прочитајте за Австралијциве.