Детство не треба да се мине пред екран

Светските здравствени авторитети заземаа цврста линија во поглед на тоа колку време треба да им се дозволува на деца да минуваат заковани за екраните на смарфони и таблети. До 4 години, максимум саат време дневно.

Светската здравствена организација издаде нови, прилично стриктни упатства за еден од најголемите извори на анксиозност во семејниот живот на 21-от век: колку време родителите треба да им дозволуваат на своите деца да гледаат видеа и да играат игрици заради забава, образовни влијанија или едноставно пополнување на времето. 

Според СЗО, одговорот е николку, во првата година. Многу ретко во втората година а до 4 години не повеќе од еден час дневно зјапање во екран.

Оваа епидемија е релативно нова па науката допрва треба да даде одговори како и колку сето ова влијае врз младите мозоци и нивниот развој. Непрофитната Комонсенс проценува дека 85% од семејствата со деца под 8 години имаат смартфони а 42% од тие мали веќе имаат свој таблет.

Експертите потсетуваат дека едни од најважните когнитивни задачи на детството се усвојувањето на јазикот и развивање на социјални вештини кои обично се случуваат во реални ситуации, со интеракција со родителите и други луѓе.

Од друга страна, некои сметаат дека стриктните правила веќе не успеваат да корегираат родителствувања туку се извор на фрустрации и само го зголемуваат јазот меѓу она што го препорачуваат експертите и она што го носи реалноста.

Навидум банални сетинзи на некои популарни интернет платформи знаат сериозно да влијаат врз создавањето навика да се гледа без престан: еден од најпроблематичните е ауто-плеј-от на Јутјуб.

29 април 2019 - 23:08