Зошто Фреди Меркјури и Мајкл Џексон никогаш не снимија дует

„Доаѓај и вади ме од овде!“, избезумен му се јавил на својот менаџер Фреди Меркјури за време на една сесија во студиото на Мајкл Џексон. „Како зошто? Па овој секој ден носи лама во студио!“

Фреди Меркјури почина во 1991 година од АИДС а Мајкл Џексон замина 18 година подоцна, од предозирање со лекови на рецепт.

Претходно минале години на пријателство и меѓусебно почитување. Се имаат запознато на концерт на Квин, концерти кои Џексон не ги пропуштал кога доаѓале во ЛА. Кога еден репортер во бекстејџ го прашал дали може да се каже дека тој е фан на Квин, Џексон одговорил: „Јас сум фан на Фреди Меркјури“.

Џексон го има често советувано Меркјури и Квин, на пример дека „Another One Bites the Dust“ мора да биде издвоена на сингл. За ова, Фреди во едно интервју ќе каже:

„Иако тој има 25 години а јас 37, дечкото е подолго од мене во бизнисот.“

Започнале да работат на три песни, за албум на Џексон кој требало да се состои од дуети, но, песните никогаш не ги доработија до крај. Официјално тоа се објаснуваше со зафатените агенди на двата музичара. 

Но директни сведоштва за тоа велат дека во соработката дошле до израз нивните различни работни навики, како и вонработните мераци. Една од причините е спомната во оној телефонски муабет погоре, дека Фреди веќе не сакал да снима со миленичето лама на Џексон покрај себе. А други сведочат дека Џексон имал проблеми што Меркјури секаде има претерувано со кокаин во домот на Џексон. На второво се има жалено и Елтон Џон, дека кога ќе излезе со Фреди, човекот „не се стига“ и дека после цела вечер лудување, на Меркјури во 11 претпладне уште не му е доста. 

Една од тие песни, State od Shock, Џексонови подоцна ќе ја снимат и издадат како сингл со Мик Џегер. Интересен детал е што таа песна Џегер ќе ја изведе со Тина Тарнер на LiveAid, концертот на кој Меркјури реално и величенствено се одјави од светов.

Три децении подоцна, на една компилација на Квин може да се слушне тој златен дует. На песната “There Must Be More To Life Than This” звучат вака:

 

9 септември 2019 - 18:21