Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Еве што правиме со Самоиловата тврдина: работното време е трагедија, осветлувањето е кич, нула напор за промоција, нема божиќен базар на зимо ни културни манифестации на лето. Ние внатре нудиме само земја, пајаци, пајажини и урнатини. А на социјалните мрежи битки какви што не водел ни самиот Самоил.

Во оваа држава најjака работа ми е парадоксот: вчера цел ден се водеа жестоки битки по социјалните мрежи чиј е Цар Самоил, а реалноста на терен е сосема поинаква приказна.

Па такви страшни јаки битки сигурно и Цар Самоил не водел тогаш. Па што се 14 000 војници ослепени? Слабо, ела сега нека дојт да видит овој парадокс....

А и да не се лажеме, од двете страни коментарите се тука некаде наш е, нивни е, собирање политички поени... Но, ајде да се вратиме кај нас.

Пред извесно време, за 1010-годишнината од смртта на Цар Самоил, во Петрич имаше 40-минутна церемонија со сите државни почести. Одеше во живо на нивната национална телевизија, со говори од премиери, претседатели... А имате ли видено какви репортажи прават? Какви содржини (мислам на видео, квалитет итн?)

А кај нас во Охрид? Во центарот на Самоиловото царство, тврдината што ја гледаме секој ден (освен ако не се ѕверите цел кеј во телефонот, за битките да ги водите), тој јубилеј помина со точно 5 реченици на вашиот најачи локален портал (шо ќе прајш, соопштенија се соопштенија, се нема време, мора про фото, про видео, про лајвстрим да се работи)

И ТОЛКУ. Со букви да повториме: ПЕТ ФАКИНГ РЕЧЕНИЦИ ЗА ЦАР САМОИЛ и една срање фотка.

Прашањето ми е: зошто трошите цели денови објаснувајќи се по коментари чиј е Царот, кога не ни знаете кога поминаа 1010 години? Зошто немаше никаква церемонија, никакви говори, никакви едукативни настани за да научат нешто помладите, да ја негувате историјата итн?

Наместо тоа, еве што правиме со Самоиловата тврдина:

Работното време е трагедија. Тврдината често се затвора прерано (до 15 часот последен пат кога бев) и пред очи сум гледал како туристи разочарано се враќаат.

Кич осветлување. Редовно од неа правите новогодишна елка осветлена во тотално погрешни бои од надвор, како и летово.. плава боја навечер, прекрасно, прашајте ги туристите како им изгледаат ноќните фотографии!

Нула напор за промоција. Никогаш не сте направиле никаква церемонија или едукативен настан. (Еве, штом немате пари, јас ќе ви го пренесував во живо гратис 1010 години да се јавевте, бидејќи парите секако ги давате на идиоти за мултимедија и промоција редовно, па немате.).

Пропуштен потенцијал. Наместо тврдината да живее зима со божиќен базар (како што е пример низ светот), лето со културни манифестации кои ќе го промовираат она што го имаме, ние внатре нудиме само земја, пајаци, пајажини и урнатини.

Уште малку тврдината нема ни да се гледа секако, знаете на што мислам.

Што барате од Цар Самоил? Да стане од гробот сега и да се труди за вас? Па денес тие што се трудат за Вас, најмногу ги кочите и мразите!

Стојан Стојановски, Охрид

5 октомври 2026 - 10:07