Народ сака пластика, ама не ЦД-а

ЦД-то како медиум никогаш не успеа да создаде емоции кај публиката, и цената за тоа е што веројатно никогаш нема да дочека воскреснување, како она што им се случува на музичките плочи.

Во новиот извештај на РИАА (Recording Industry Association of America) се наведува дека винилот годинава е на пат да биде повеќе продаван отколку ЦД-а, што последен пат се има случено во 1986-та.

Поголемиот дел од заслугата за ова отпаѓа на тоа колку луѓе немаат никаква желба да купат музичко ЦД. Минатата година извештај на РИАА откри дека продажбата на ЦД-а паѓа три пати побрзо отколку што расте продажбата на винил.

На половина од 2019, продажбата на винил плочи донела 224,1 милион долари (од 8,6 милиони примероци), што е опасно блиску до 247,9 милиони долари од продажбата на ЦД-а за истиот период (од 18,6 милиони примероци). Ако на оваа математика се додаде дека приходите од винил растат по 12% на полугодие, а приходите од ЦД не ни мрднуваат, процената е дека крајот на годината ќе донесе нов пораз за компакт дисковите.

Инаку, претплатите на музички сервиси како Спотифај и Епл мјузик учествуваат со 62% во вкупните приходи. На ЦД-а и винил не отпаѓаат ни 10%.

Во меѓувреме, на 28-ми септември во Скопје имате ова:

Клик тука за повеќе околу Скопје винил.

10 септември 2019 - 12:36