Трамп го повторил своето - со ништо поткрепено - тврдење дека во САД се инвестирани „над 20 билиони долари“ досега за време на неговиот втор мандат. Таа бројка е фикција, тврди CNN повикувајќи се на официјалната веб страница на Белата куќа каде се наведени „11,2 билиони долари“ во „големи инвестициски најави“.
Дури и бројката на Белата куќа изгледа е големо претерување. Детална анализа покажува дека во „билионите“ се пресметани нејасни инвестициски ветувања или пак најави за „билатерална трговија“ или „економска размена“, а не инвестиции во САД. Федералните податоци покажуваат дека новите странски директни инвестиции во САД, во 2025 година изнесувале околу 232 милијарди долари.
CNN побарале од Белата куќа докази за бројката од „20 билиони долари“, портпаролот Куш Десаи им испратил лаконски одговор дека „претседателот е во право.“
За изборите:
Трамп и натаму тврди дека победил три пати.

За миграцијата:
Трамп го повтори своето вообичаено тврдење дека „25 милиони“ мигранти влегле во земјата за време на Бајден. Бројката од „25 милиони“ не држи; дури и претходната бројка на Трамп од „21 милион“ беше претерување, прецизира CNN. До декември 2024 година, последниот цел месец од администрацијата на Бајден, федералната влада регистрирала помалку од 11 милиони.
Трамп, исто така, тврди дека „нула нелегални странци влегле во нашата земја од јужната граница во последните 15 месеци; нула“. NewsNation во мај 2026 година објави дека според официјални податоци, бројот се намалил за 86% во првата половина од 2026 година во споредба со фискалната 2025 година“. Голем пад, но не е нула.
Трамп и цените
Трамп се пофали со цената на јајцата која нагло падна за време на неговата администрација, што е вистина, но потоа се залета: „Цените на храната и речиси секоја друга стока брзо паѓаат“. Тоа не е ни блиску до вистината. Најновата достапна стапка на инфлација, за јули, покажа зголемување од 3,4% на годишно ниво - повисока од стапката од 2,9% во последниот цел месец на Бајден на функцијата. Вкупните потрошувачки цени се зголемиле за 4,3% од јануари 2025 година, исто колку и на храната.
Бројот на Американци што работат
Трамп изјави дека „во моментов, во Соединетите Американски Држави, имаме повеќе луѓе што работат отколку што сме имале досега“. Вистина, но оваа статистика е бесмислена; секој американски претседател од 1948 година па наваму, кога започна модерното собирање федерални податоци, можел да каже дека во неговиот мандат работат повеќе луѓе работат отколку кога било претходно. Тоа е затоа што бројот на луѓе што работат во САД генерално се зголемува со текот на времето, едноставно затоа што населението се зголемува со текот на времето. Исклучок се рецесиите, како финансиската криза од 2008 година или ковид кризата од 2020 година.
Има далеку подобри мерки за одмерување на пазарот на трудот како што е стапката на невработеност, односот популација- вработени, ритамот на креирање работни места... ништо од ова во овој мандат на Трамп не е на историско ниво.
А и бензинот да ти бил поевтин.
