Германските власти планираат да му ги испратат на Киев адресите на украинските мажи што престојуваат во Германија, за да им бидат испратени повици за воена служба.
Во Германија тие се товар затоа што добиваат социјална помош, а на Украина ѝ се итно потребни затоа што остана без доволно војници на фронтот. Пишувавме дека само на федерално ниво, во 2025 година мигрантите ги чинеле германските даночни обврзници 24,8 милијарди евра, додека реалната сума е многу повисока.
„Знаеме кој живее овде. Кој прима социјална помош, кој е регистриран кај локалните власти, кој има статус на престој. Врз основа на овие податоци, украинската влада би можела да стапи во контакт со овие мажи и да побара нивно присуство. За ова може и треба да се разговара“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. Притоа истакна дека процесот треба да се одвива без принуда.
Се проценува дека од вкупно 1,3 милиони украински бегалци во Германија, околу 600.000 се мажи на воена возраст.
Канцеларот Фридрих Мерц уште во ноември минатата година го предупреди Зеленски дека Германија ќе ја намали помошта за украинските бегалци, за да го запре новиот бран на миграција на млади мажи што не сакаат да бидат мобилизирани.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.