Моќта на квалитетниот совет – како Тери Гилијам му даде сила на Квентин Таратино

Нашето растење и зреење секогаш е врзано со низа случки и претставува комплексна мешавина од настани кои нè создаваат. Во основа, секој од нас е само автентична комбинација формирана од знаците „покрај патот“... збирка од разговори со омилените луѓе, сиже од омилени книги и филмови и лични искуства кои секојдневно „ни зборуваат“ - ни го покажуваат патот кон она што сме денес.

Ова секако важи и за големите уметници. Оние кои го диктираат тонот на културниот дијалог во современата цивилизација. Во плејадата такви, меѓу најважните за општата слика на актуелниот свет, недвосмислено припаѓа и режисерот Квентин Тарантино.

Денес, речиси и да не постои некој што не слушнал за „Kill Bill“, не го гледал „Pulp Fiction“ или кој било од неговите девет долгометражни филмови. Имајќи го предвид интензитетот и авторскиот печат што со себе го носи овој контроверзен Американец со италијанско потекло, човек се прашува што е тоа што го формирало Тарантино?

Знаел ли тој да побара, или поважно, да послуша туѓ совет? Чии се гласовите што го водат низ процесот на создавање? Кој има толку сила за да даде совет што ќе влијае врз еден ваков режисер?

„Му реков еднаш на Тери Гилијам... 'види Тери, твоите филмови се многу посебни. Ти имаш визија, твоите филмови содржат визија, а посебноста и визијата се интегрални карактеристики на сите твои филмови. Како се постигнува тоа?'“, се присетува Кветнин Тарантино на средбата со еден од членовите на култните Монти Пајтон.

Тери Гилијам е вистински џин кој што повеќе децении неуморно опстојува во филмската уметност и поп културата воопшто. Сценарист, режисер, актер, аниматор, комичар... прв избор на Џ.К. Роулинг за режија на филмуваната верзија од Хари Потер. Меѓу другите, потписник и на „12 Monekys“, „Brazil“ и „Fear and Loathing in Las Vegas“...

Во основа, фантастичен избор на човек од кого би побарале совет.

„Квентин, не е твоја задача сам да ја вметнеш визијата во филмот. Твое е само да знаеш што точно е твоја визија, а потоа да се опкружиш со тим што може да ја реализира. Крајната реализацијата е задача за нивниот талент,“ му рекол Гилијам.

Гласот на Тери Гилијам е преточен во дело во скоро сите филмови на Квентин Тарантино. Селекцијата на внатрешни и надворешни соработници е секогаш внимателно направена. Така што, без разлика дали ви се допаѓа она што го работи Тарантино или не, неговите дела во голема мера се должат и на неговите колеги. А можеби и методологијата е последица на самиот совет од Тери Гилијам...

Текстот е инспириран од Септолете тотал – единствениот препарат за грло со тројна сила.

(комерцијален текст)

14 јануари 2020 - 10:27