Во Алжир демнеат протести, златото на Куп на Африка го израдувал народот

Репрезентацијата на Алжир со 1-0 го победи Сенегал во финалето на Африканскиот Куп после еден чуден гол уште во 2' минута. Тоа беше и единствен шут на Алжирците за 90 минути и тоа не директен во гол.

Сенегалците имаа поголем посед на топка, имаа 12 шута наспроти 1 на Алжирците кои имаа 32 прекршоци и во вториот дел се спасија по прегледување на ВАР (судијата прво досуди пенал поради игра со рака, па ја смени одлуката).

Најдобар играч на финалето беше голманот на Алжир Раиса Мболи кој никако не можеа да го совладаат Мане, Сар и Нијанг.

После триумфот, цела репрезентација на Алжир клекна во молитва пред трибината со нивни навивачи. Еден од нивните најдобри фудбалери, Јасин Браими полуде од радост:

На трибините на стадионот во Каиро имаше околу 15.000 Алжирци кои беа облечени во зелени и бели бои. За мечот за златото во главниот град на Египет пристигнале 28 авиони кои донеле околу 5.000 луѓе. 9 од 28 авиони биле воени кое ги доделило министерството за одбрана.

Алжир стана шампион на Африка за првпат после 1990 година.

Златниот пехар особено значи за оваа земја затоа што во земјата има масовни протести и сериозна нестабилност. Симболично Алжир го одигра најважното финале во својата современа историја во петок, а во претходните 22 недели во оваа земја секој петок се одржуваат жестоки протести.

Се почнало во февруари годинава, кога претседателот на Алжир, Абдел Азиз Бутефлика решил да се оди на нови избори, а тој е претседател од 1999 година и брка петти мандат. Гневниот народ излегол на улици, а половина месец после притисокот од демонстрантите, Бутефлика соопштил дека има проблеми со здравјето и го ослободил претседателскиот кабинет.

Нови избори требало да има на почетокот на јули, но Алжир актуелната власт која крај себе ја има армијата се противи на барањата на опозицијата да нема никакви кандидати од ерата на Бутефлика и армијата да не биде привремено на чело на земјата.

Во претходниот период полицијата и војската затвориле многу бизнисмени и поранешни политичари кои се обвинети за корупција, но ниту истрагата против поранешни премиери не ја смирило толпата.

Во таква ситуација логично е прашањето: каде е фудбалот тука?

Репрезентацијата на Алжир станала главен извор на радост за целата земија, па затоа власта така активно и оперативно организирало масовни чартери за Египет. За време на Купот на Африка протестите се смириле.

„Јас не сум политичар, не правам чуда и не сум магионичар. Но можам да ветам дека ќе се бориме до крај и ќе го дадеме максимумот“, изјави селекторот на Алжир Џамел Белмади пред финалето. 

На 23 јуни во Египет бил уапсен еден навивач на Алжир кој на мечот против Кенија држел мала антивладина парола со натпис: „Мора да паднете“. Египет го депортирал навивачот кој во Алжир моментално завршил зад решетки.

На Купот на Африка навивачите на Алжир често скандирале пароли и пееле песни блиски до опозицијата, а најпопуларна е песната „Слобода“ од алжирскиот рапер Soolking.

20 јули 2019 - 18:56