Шефот на германскиот фудбалски сојуз даде оставка поради непријавен часовник од 6.000 евра

Во германскиот фудбал е бурно време. Рајнхард Гриндел, довчерашниот претседател на Германскиот фудбалски сојуз (DFB), кој го водеше сојузот од 2016-та, дал оставка поради корупциски скандал.

Главниот удар на Гриндел му го нанел реномираниот весник Der Spiegel. На 29 март овој медиум објавил материјал во кој стои дека од јули 2016 до јули 2017, Гриндел земал дополнителни пари (78.000 евра) како претседател на надзорниот совет на ќерката-фирма на сојузот, DFB-Medien (оваа компанија се занимава со разработка на аналитички систем за младинскиот фудбал).

Гриндел ги скрил и не ги пријавил овие приходи.

Притоа Гриндел добивал и компензација од 7.200 евра месечно за отказот од мандатот во германскиот бундестаг и од каналот ZDF каде порано работел како новинар.

Од компензацијата се откажал во април 2017, а како и не би кога од должностите во ФИФА и УЕФА, тој заработувал околу 500.000 евра годишно.

Второ обвинение е дека Гриндел не го информирал раководството на DFB за часовник вреден 6.000 евра кој во 2017-та му го подарил поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Украина и претседател на Динамо Киев, бизнисменот Григориј Суркис (заедно седеле на заседанијата на УЕФА).

На прес-конференцијата во вторникот, кога објавил за оставката, Гриндел изјавил дека станувало збор за подарок, а не политички гест.

„За мене тоа беше исклучиво личен подарок кој го примив од пристојност. Сите мои познаници знаат дека јас не сум алчен човек. Неодамна дознав дека сумата на часовникот била 6.000 евра, синоќа го разгледувавме тоа прашање со нашиот генерален секретар. Суркис нема никакви економски интереси поврзани со DFB. Тој никогаш не барал помош. Во тоа време беше јасно дека тој нема да биде избран за член на бордот на УЕФА со кој нема никаква врска. Сметам дека во случајов немало судир на интереси“, рекол Гриндел.

На крајот додал и: „Заминувам од местото претседател на Германскиот фудбалски сојуз и се извинувам за тоа што со својата неодговорна постапка - примање часовник како подарок, придонесов за нападите кон фудбалските чиновници“.

После Светското првенство 2018, медиумите го напаѓале Гриндел за неоправдани критики на сметка на селекторот Лев зошто не ги викнал Милер, Хумелс и Боатенг во репрезентацијата. После серијата непријатни текстови, Гриндел кажал дека медиумите просто не се разбираат во темата.

Во март тој дал интервју за Deutsche Welle, кога одбил да даде одговори на прашањата за Светското 2022 година во Катар, чијшто избор го следеа многу контроверзи.

Никој од германската фудбалска федерација не го поддржал Гриндел. Од таму тврдат дека кога Гриндел стапил на должност претседател на сојузот, неговите приходи биле коректни и транспарентни, но работите се смениле откако три месеци подоцна станал претседател на советот на компанијата DFB-Medien.

Како вршители на должноста претседатели на федерацијата до новите избори во септември, се избрани потпретседателот на DFB Рајнер Кох и Рајнхард Раубал.