Offside

Во 18 часот по средноевропско време во Атланта ќе се судрат светскиот шампион Аргентина и Египет во осминафинале на Светско првенство 2026.

Двојка или тројка, не е сеедно

Слободан Шаренац е спортски коментатор на РТС. Во шумата средовековни коментари во неговата матична куќа, Шарени е просто магионичар. Да го слушаш додека коментира Филипини - Ангола ќе ти ја направи најинтересна средба на Светското во кошарка.

Борбено издание на Македонија за убав бод во Израел

Во 5. коло од квалификациите за Евро 2020, најдобрите македонски фудбалери освоија драгоцен бод на гостувањето во Бер Шева, со кој остануваат во игра за второто место во групата. Аријан Адеми ја потврди животната форма од Динамо и постигна ефектен гол со глава.

И така додека гледаме велосипедизам, наидува плантажа марихуана

Овогодинешното издание на Ла Вуелта е супер интересно. Секојдневно има нови дешавки, а последната беше надвор од патеката. Додека одеше снимка од хеликоптер, на кровот од една зграда во Игуалда кај Каталонија режисерот ладно улови безброј садници марихуана.

Јанис Антетокумпо, лабаво како на Ол стар

Се игра само втората минута од мечот меѓу Грција и Нов Зеланд, а 211 см високата ѕвезда на Милвоки Бакс веќе е во елемент. Одбраната уште ненаместена, тој полета во него, а и да се наместеше џабе. Само минута подоцна уште една атракција.

Уникатно видео од Меси како мал

Неговиот сакан клуб од детството, Њуелс Олд Бојс на својот Твитер профил објави архивска снимка со мајсториите на Лионел како мал. Идентични дриблинзи, брзина и луциднос како денес.

Ги извиткаа обрачите од цепелини правење во Кина

На шестиот Мундијалски ден во Кина како да се натпреваруваат кој ќе направи појак цепелин. Одиш од меч во меч да гледаш што има од атракции и ги гледаш секаде подивени. Седум цепелини начекавме на шест денешни средби. Убавина за око.

Сегде појди, дома дојди - чудно лето за шпицот на Виљареал

Фудбалскиот клуб Малага (игра во Сегунда) е извор на нејасни информации, шпекулации и чудни зделки. Наводно имаа сериозни планови за сезонава, ама на крај, како и секоја во последниве 4-5 години, ни сами не знаат кај тераат.

Вака почна како дете и потоа стана Принц на Рим

На денешен ден во 1994-та, на Олимпико почна да се создава една историска личност, која кој знае кога повторно ќе ја доживеат. 18 годишниот почетник познат како Франчесто Тоти го постигна деби голот за Рома. Две децении потоа стигна до рекордни 786 настапи и 307 погодоци. Легенда е млак збор за опис.

Кореографијата за убиениот италијански навивач игнорирана од Скај Спорт

За ултрасите ваквите ликови претставуваат светиња, но на социјалните мрежи се предмет на убедување, дали воопшто заслужуваат простор на трибините кои практично ги воделе, па и создавале. Овој навивач беше поздравен дури и од градските ривали.

Како е можно?

За време на пријателската Англија - Перу, на „Вембли“ во Лондон полета најневеројатното авионче направено од хартија. Колкави се шансите ова стварно да се случи?

На свадба му дошле тетки, братучеди, комшии и Нголо Канте

Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.

Кога на Ибра ќе му го утнеш прашањето

Новинар од Аргентина го има на мегдан Златан, сега па кој знае кога. И на милион интересни теми, тој се обиде нешто да го гњави за Де Роси. Ни 10 секунди не успеа да го задржи. Златан го потепа со арогантно контра прашање.

Најнесмасниот автогол на годината

По ниту една логика вака не се расчистува топка. Па да ја оставеше ќе беше 100 пати попаметно. Несреќниот ни доаѓа од Аргентина, а овој лоб не се гледа повторно. Уникатна глупост е ова.

Кој што купи од Италијаните и колку потроши?

На 2 септември заврши летниот преоден рок кој остави силен белег во Серија А. На чизмата слетаа јаки фаци кои се очекува да го подигнат квалитетот на италијанскиот фудбал, како и да го зголемат интересот.

Бендтнер му попушта на голманов или?

Еден од најисмејуваните напаѓачи со сомнителни квалитети или солидни за Скандинавија, направи трансфер од Розенборг во Копенхаген. Дресовите во неговиот роден град се продале како алва, ама данскиот напаѓач на првиот тренинг се појавил со две леви нозе.

На Олимпијада 96 Роналдо играл под името Роналдињо зошто имало уште еден Роналдо

Фудбалот на Олимписките Игри 1996, а и секогаш, e една од најгледаните дисциплини, зошто практично сите репрезентации на Светското 1994 во Америка во своите состави имаа млади ѕвезди кои после се појавија на ОИ.

Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во тетратка по коцки

Третиот читател од темата која ја отворивме летово насловена како Википедија во тефтер ни испрати детален материјал од СП 2002. Овој е поспремен од другите и го бива и за цртање.

Реал Мадрид бе, не Атлетико

Поминаа 14 години по еден од најневеројатните трансфери во фудбалска Европа, кога како гром од ведро небо се појави веста дека Реал Мадрид го доведува фудбалерот кој едноставно не беше тип на играч за „кралскиот клуб“.

Најболна навреда во историјата на шкотското дерби, навивач доживотно избркан

Фудбалерите на Селтик во неделата го победија најомразениот ривал Ренџерс на неговиот Ајброкс со 0:2 и со 12 бода се осамостоија на првото место.

Хајлајтс од шамарот на Федерер на УС Опен

По осум меѓусебни пресметки, Григор Димитров конечно успеа да го совлада Роџер Федерер и со тоа да направи огромно изненадување на четвртфиналето во Њујорк. Бугаринот губеше 2:1, но машки се избори за пресврт против швајцарскиот ас (6-3, 4-6, 6-3, 4-6, 2-6). Во еден момент пожртвувано направи и шпага за да му земе поен.

Браво девојко

Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.

Малку фалеше за сензација на Светско, Америка се спаси со Турција

Кошаркарската репрезентација на Турција беше на праг од огромна сензација, имаше продолженија против фаворитот број 1 за злато, но на крај Џеди Осман промаши две клучни слободни фрлања.