На мечот Донкастер - Оксфорд Јунајтед (1:0) гостите добиле слободен удар. А фудбалерите на Донкастер сами се наместиле регуларно 9 метри од топката во жив ѕид. Но судијата Себастијан Стокбриџ тргнал да мери чекори и измерил 7 (околу 6 метри) и одбележал линија со спрејот.
На ваквата одлука се чуделе дури и домаќините:
Absolutely classic League 1 yesterday. Free kick given, our players make a wall about 10 yards away, referee counts out 7, sprays the line and ignores all protests. Outstanding #drfc #oufc pic.twitter.com/RXHSa2Ebzx
— Matt (@Matt_Walker96) January 2, 2020
Фудбалерите на Оксфорд се бунеле, ама живиот ѕид останал на исто место. Себастијан Стокбриџ важи за искусен судија кој од 2013/2014 суди во англиските Прва и Втора лига.