Балотели не успеал ни до дома да стигне со колата

Ако некој може за Нова година да биде бетер од Нејмар, тоа знае кој е, Супер Марио кој од дочек се прибрал во 6 сабајле, како да е тинејџер. Од што бил направен сателит, не можел до дома да стаса.

Да не се Англичаните или ликови како Нејмар и Балотели денеска ќе нема работа за спортскиот печат. Бразилскиот фудбалер го уловија со телефон ќуп пијан на некоја забава во Бразил, а Марио не успеа никој да го виде бидејќи се прибрал со комбињата за леб.

Напаѓачот на Бреша заедно со другар се враќале од прослава и веројатно што биле многу “трезни“ не успеале ни до дома да стигнат.

Фиатот на Марио завршил пред дворот на некој негов сосед кој живеел да стотина метри од кај него.

Според пишувањата на италијанские медиуми Марио направил погрешен маневар и удрил во оградата од куќата и од умор ја оставил колата на тоа место и со другар му се пуштиле до дома пешки.

Газдата утринава не можел да излезе од дома со својата кола и морал да викне полиција.

Само еден детал може колку толку да го извади Балотели од вина, а тоа е што некои медиуми пишуваат дека тој бил сувозач, а Фиатот го возел другар му.

Како и да е ова настан како измислен за еден карактер како Марио кој не созреа и не созреа.

Во коментари не го штедат два посто.

„И после жените не знаеле да паркираат“

„Да не постоеше ќе требаше да го измислиме“ 

„Идиот беше, идиот си остана“

1 јануари 2020 - 17:27