Најнепостоечкиот гол на годината, декадата и векот

Невозможно е да се направи пресек на годината од сите можни евроголови, автоголови, потези, смешки и сл. кои се случија во 365 дена. Ама затоа имa ствари кои се уникатни сами по себе и не може да се повторат, освен ако не реши така некој судија кој е ќор, односно ќар има од тоа.

Доволно е да познаваш само еден играч, судија или тренер или па некој што познава таков за да ти раскаже некоја пикантерија од нисколигашкиот фудбал во Македонија.

Ние знаеме три такви приказни од прва рака од нашиот селски фудбал во скопско во близина на рафинеријата Окта или поточно кај Дељадровци и Миладиновци

Првата: Нека дадат ручек и ќе им ја пуштиме. Втората: Досуден пенал при прекршок на центар. Третата: Одложена е, ги нема судиите.

Ништо поарно не е ниту во една Италија, земјата на фудбалот која во 2019-та го призна најапсурдниот “гол“ кој не може да биде гол, бидејќи топката никогаш не влезе.

Се работи за натпревар од Серија Д, која се смета за четврт ранг на натпреварување и прв во рангот на аматерски фудбал. Последна лига која се смета за професионална е Серија Ц како трета.

Играчот со број 5 спасува една топка и на време ја избива во корнер. Судијата досудува гол и што е најјако паѓа и консултација меѓу помошникот и главниот арбитар и одлуката останува бетон.

Со овој (не)гол Нола како домаќин слави 2:1 против Кастровилари.

Ако сакаат судиите да бидат искрени, најадекватно е судиската одлука да ја бранат со следниов одговор: Видов дека е корнер, ама местена е што да ви правам.

2 јануари 2020 - 10:39