Жорже Бертончело постарите навивачи во Белгија го паметат по добриот дриблинг и необичната градба (за време на професионалната кариера тежел 80 кг а висок бил 168 см).
Но најдобрата епизода од неговата кариера која влегла во историјата на белгискиот фудбал, се случила во 1975 година.
Шарлоа тогаш играл против клубот RWDM (Рејсинг Вајт Деринг Моленбек).
Судијата во еден момент свирнал непостоечки пенал за Шарлоа, па Бертончело кој не се согласил со одлуклата, решил да не го изведе пеналот и во знак на протест седнал врз топката.
Главниот судија Делку долго време го убедувал да стане и да изведе, а на крај му попуштило трпението и му дал директен црвен картон на Бертончело.
На комеморацијата по повод опростувањето со легендарниот фудбалер кој во 2004 година бил избран за најдобар играч на Шарлоа на ХХ век, дошле неколку стотини луѓе. Во петокот, пред мечот против Остенде, на средината од теренот дошол внукот на Бертончело и една минута молчеливо седел врз топка.
Навивачите на трибините развиле банер со натпис: „Легендата никогаш не умира“ и “Фала ти, Берт“. Имало и покривно знаме со фамозниот гест на Бертончело.
На крај Шарлоа го демолирал противникот со 5:0.