Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Насловната на Кориере не помина добро или за весникот помина?

Можеби целта со бројот на продажба ја оствариле, ама критиките за начинот на кој ја пуштија во етер не останаа само на социјалните мрежи, кои инаку уредникот ги нарече канта за ѓубре со тврдење дека луѓето не ја разбрале.

Начинот на кој Ван Дајк плаши противнички напаѓачи

Очекувано, Ливерпул  со 5:2 го разби градскиот ривал кој ни сам не знае кога последен пат победил на „Енфилд Роуд“. Еден од поинтересните моменти на мечот беше кога Ван Дајк проба да го уплаши Моизе Кин додека шутираше.

Скопје разбуди се, на Вардар му треба поддршка

Во недела од 13:00 часот се игра големото дерби во македонската прва лига меѓу Вардар и Шкендија. Скопскиот тим игра одлична полусезона и им бега на Тетовци 8 бода пред крајот на есенската полусезона. Комитите спремаат прослава на неколку јубилеи.

Спортска среда со страшни голмански одбрани

Како за сред недела убаво освежување беа натпреварите од англиско и француско синоќа, а она што беше доста впечатливо ако следевте се лудите голмански одбрани, особено во Премиер лигата и Лига 1 кои многу влијаеа на резултатите.

Најапсурдниот корнер во историјата на фудбалот

Тешко може или не може да се дојде до заклучок зошто судијава го поништи голов и досуди корнер кој всушност не постоеше. Нема никаква логика. Она што се гледа на видеово е нафрлена топка, статива, па гол, а овој корнер свирна. На мечов меѓу Бангладеш и Малдиви дефинитивно имаше потреба од ВАР.

Пречката на Рашфорд уште се тресе на Олд Трафорд

Во големото дерби и враќањето на Мурињо на „Олд Трафорд“ по отказот кој го доби од Манчестер, домаќинот се израдува на триумф од 2-1. Играч на мечот беше Маркус Рашфорд со два гола а можеше да даде уште најмалку два.

Како го окрка Мурињо крај аут линијата после еден старт

По 13 минути игра додека Манчестер водеше 1-0 против Тотенхем, Хари Винкс и Даниел Џејмс влегоа во еден жесток лизгачки старт од кој дебел крај изеде и тренерот на Спарс.

Како да изораш нива во два потега

Се вика Хозе Канте, роден е во Шпанија, ама игра за селекцијата на Гвинеја и член е на Легија Варшава. Мајсторе ова што им го направи на двајцата не е мала работа да знаеш. Ги поништи ко Килијан Мбапе.

Генијален гол на Мбапе

Со головите на Мбапе и Нејмар од пенал, ПСЖ синоќа го совлада Нант 2:0. Гол број 1 во оваа спортска среда е дефинитивно мајсторијава на Килијан по одличното додавање на Ди Марија. Прекрасно одиграно.

А да го викне на проба некој овој?

Не би било лошо, бидејќи ова не е нормално за аматер кој плеша фудбалче со другарите по балони. Или па можеби не е аматер? Стоперот го гледаше и му аплаудираше.

Голманот на Шкендија за 2 секунди два пати ја промаши топката

Тетовчани или поточно нивниот голман Костадин Захов му подари бод на Работнички во куп натпревар кој заврши 1:1, затоа што киксираше како никој друг. Па во корна да ја рогнеше ќе беше подобро од ова.

ADIDAS трендови кои ќе ја обележат оваа сезона

Покрај основните парчиња облека, сите љубители на модата оваа сезона додаваат спортски парчиња во својата гардероба, комбинирајќи ја удобноста и естетиката на најубав начин.

Многу, многу луд непризнат кош на Харден со чистач на сред терен

На големото дерби Сан Антонио - Хјустон при една контра, Џејмс Харден заби, ама поените контроверзно му беа поништени затоа што топката чудно се врати од мрежата и излезе надвор од обрачот. Тоа беше при резултат 104:89 за Спарси кои на крај после продолженија победија со 2 разлика 135-133.

Голот на Дел Пјеро со кој ги победи логиката и физиката полни 25 години

За оваа мајсторија се вели дека е единствена затоа што нема друг гол сличен на овој. Алекс го паметиме по кифлите од игра и слободните удари, ама ова е нешто сосема поинакво, а го изведе на 20 години кога колеги му беа повозрасните Баџо и Виали.

Аферата со тешкиот преварант што ја збуни цела Данска

Данскиот фудбалски прволигаш Виборг се обратил во полиција, откако потпишале договор со 25-годишен Холанѓанец, кој никогаш претходно не играл фудбал и кој ги измамил. Целиот скандал го откриле два дански медиуми кои решиле сериозно да ја истражат целата позадина.

Твитерот на ФК Каменица Саса станува сè подобар

Откако Осогово докажа дека и како македонски клуб може да се биде цар во интернет просторот, признаен и од една Рома, по одлични стази чекори и второлигашот Саса од Македонска Каменица. Се гледа дека и тие се талентирани за хумор, без кој нели што ќе ти е Твитер.

Мажот и жената кои 60 години го гледаат дербито на Ливерпул

Виктор има 85 години, а Џојс 82. Двајцата се од градот Ливерпул и заедно го гледале Мерсисајд дербито Евертон - Ливерпул повеќе од 6 децении! Пред вечерашното ново дерби кое ќе се игра на „Енфилд Роуд“, тие двајца раскажаа сеќавања. Џојс е за „црвените“ а Виктор е за „карамелите“. Врвна прича.

Како човек да му верува на Мурињо

Жозе Мурињо, пред гостувањето на Олд Трафорд со Тотенхем за Кореецот Сон изјави: „Сакам да му честитам на Сон, што трет пат по ред го избраа за најдобар играч на Азија. Заљубен сум во тој дечко! Замислете ги луѓето кои биле со него четири или пет години, фантастичен дечко!

Манчестер Сити се отвори со убави голови

Конечно голеада на момците на Пеп кои трудно тераат со формата. До синоќа беа со една победа на последните пет средби. Го нечекаа Барнли и го декласираа на гости 1:4.

Цела игра им ја држи Лукаку

На прва изгледа дека е бавен, ама и не е до толку, колку што физикусот ве тера така да мислите. Не е само поентата во тоа што е втор стрелец во Серија А со 10 гола, туку во начинот на кој се снајде во играта на Интер.

Нова бравура на др. Рони О’Саливен

„Вежбам помеѓу 6 и 10 часа неделно. Сметам дека не ми треба ништо повеќе од тоа“, изјави Рони О’Саливен по двете воведни победи на турнирот во Јорк Барбикан против Рос Булман и Тиан Пенгфеј. Денес на мечот против Нопон Саенгхам одново брилираше.

И Роналдо доби награда, ама ја чекаше како да е Путин

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за трет најдобар фудбалер во светот на церемонија во Париз каде не се појави. Истовремено во Милано се одржуваше друга церемонија на која се појави, ама не како што се очекуваше или како што тоа го прават сите други.

Дрогба користи мобилен стар 5 години кој чини 16.000 денари

За време на гала вечерта за доделување на наградата „Златна топка“ во Париз, легендарниот фудбалер го имаше моментот на вечерта кога откри една интересна анегдота.

„SPORT LIFE“ ве води на ЕУРО 2020 во ракомет!

Тројцата прворангирани играчи со највисоки погодени вкупни коефициенти во периодот на акцијата добиваат пакет-аранжман за две лица на Европското првенство во ракомет во Австрија.