Offside

Мароко - Франција е првото четвртфинале на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Доста им беше на Парагвајците со таква игра. Бункер, 24% посед на топка и 0 удари кон гол. Ги реши Мбапе од пенал во 70 минута и стигна до гол број 7, колку што има Меси.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Хавиер Занети

За таа цел морав да смислам најразлични тренинзи за градење на топка, инаку ќе останам салфетка.

За ова ли гинеа илјадници Украинци во Втора Светска војна

Во 14. коло од украинското првенство, Шахтјор во дербито го совлада Динамо Киев со 1-0 и ја зголеми предноста на 13 бода. Но мечот помина во сенка на расизам од трибините и црвен картон за Бразилецот Тајсон.

Зошто Роналдо можел скапо да го плати заминувањето од стадион пред време

Едни тврдат дека не е баш во форма, други дека има повреда, а трети дека суетата е во прашање. Но, не е само тоа што го напушти теренот и ја кидна во соблекувална без да го поздрави Сари, туку што си заминал од стадион пред да заврши натпреварот, а не смеел.

Левандовски побудале и му урна рекорд на Герд Милер стар 50 години

Најголемата грешка на Борусија е веројатно тоа што не успеа да го задржи Роберт Левандовски. Пољакот си замина од Дортмунд во 2014-та и од тогаш до сега на својот поранешен тим му даде 16 гола. Само Вердер и Шалке во тој период и дале повеќе голови на Борусија, ама цели екипи.

Јас ВАР викнав, не снимка од гаража да ми пуштате

Во Израел имаше смешна случка со ВАР. На мечот Макаби Хаифа-Беитар судијата отишол да гледа спорна ситуација од 93-та минута, ама му пуштиле нешто друго.

Карачиќ не знаеше како да ја опише атмосферата во Скопје

Во фокусот на колото, ЕХФ го препозна и го издвои моментот кој заслужува да се погледне повеќе од еднаш. Топлото добредојде на Игор Карачиќ во Скопје, кое само Комити и целата публиката во Јане Сандански знаат да го направат да биде посебно.

Ете зошто Манчестер се распрашувал за Русинов

Фјодор Чалов е роден на 10 април 1998 година. Има 21, а за него веќе се плетат сериозни интереси од големите екипи. За ЦСКА Москва, неговиот роден и матичен клуб одиграл 81 натпревар и дал 33 гола. Робусен шпиц, незгоден за чување. Игра и со лева и со десна, а главата му е најсилно оружје во нападот.

Капитенот некапитенски, театар, гужва, па смир

Како е должен да се однесува капитен на екипа која во 90 + минута губи со 1-0? Сигурно не како Девид Абрахам од Ајнтрахт Франкфурт, минатогодишното најголемо изненадување во Бундеслигата.

Левучарите се попрецизни и немој да го негирате тој факт

Некој гледал на документарци, некој прочитал во книга, а нам теоријата ни ја потврди Сорен Бертрам, фудбалер на германски Магдебург кој против вториот тим на Баерн Минхен (II) го намали резултатот со снајпер.

Ја видовте ли магичната акција на Динамо Загреб?

Динамо З. ја има можеби најдобрата сезона во последните 30-40 години. „Модрите“ играат неверојатно убав фудбал за око, во Европа шамараат далеку побогати клубови од себе, а во првенството што да се каже освен дека со 0-5 ја прегазија Ријека на гости, нивниот најголем конкурент ако може да се каже конкурент. Динамо имаше 0-4 после 26 минути игра, а голот на Словенецот Петар Стојановиќ дојде после акција Барселона.

Емре викан торпедо

Најголемото изненадување во турската лига досега сезонава е Сиваспор, неочекуваниот лидер на табелата после 11 кола со 21 бод. Сиваспор играше викендов дома против Коњаспор и победи 2-0 со голови во 80’ и 89’ минута. Првиов беше тотален еврогол.

Маркус полека бе, зад гол го прати човекот

Манчестер Јунајтед вака така фати фин ритам, има 5 победи на последните 6 средби на сите натпреварувања. Ама гледајте го вие на Рашфорд ритамов. Роналдињо се гордее.

Го имаме ли тифото на сезоната во Европа?

Не е Германија, Полска, ниту Италија, туку француско првенство. Велодром викендов се претвори во вистинска убавина за гледање, а повод беше дербито меѓу Олимпик Марсеј и Лион кое заврши 2:1. Каква е оваа организација и реализација човече? Не една трибина, цел стадион блесна.

Еден од полудите моменти во турскиот фудбал

На 6 октомври 2002 година играле Самсунспор и Анкарагучу. Домаќинот водел 1-0, а гостите добиле пенал во 90' минута. Еден домашен навивач висел на кровот од трибината, сакал да влезе да се пресмета со судијата. Пеналот промашен, а царот при пад скршил нога и завршил во болница.

Бергкамовка во Мексико

Алексис Вега од мексиканскиот клуб Гвадалахара со многу фудбалски потег го отвори резултатот на мечот со Кверетаро (3:2).

Левандовски стварно има лепак на копачките

Од април 2017 година Борусија Дортмунд нема победа во Минхен против Баерн. Баварците и во саботата ја продолжија оваа серија откако со 4-0 го демолираа ривалот во Der Klassiker. Полјакот Левандовски даде два гола а имаше и еден луд прием на топка.

Не знам дали ќе бранам со Билбао, на кутии сум, избори има

Првиот голман на Леванте, составот кој ја растури Барселона пред една недела, Аитор Фернандез во последен момент не знаел дали ќе добие дозвола од државната изборна комисија на Шпанија да брани во првенството, на гостување на „Сан Мамеш“.

Мајсторијата на Барела со која Интер направи пресврт

Фудбалерите на Интер губеа 0-1 дома од Верона до 65' минута кога Весино израмни на 1-1, а во 83' минута еуфорична експлозија на „Џузепе Меаца“. Николо Барела, репрезентативецот на Италија донесе 3 бода.

Ах што му фати на Елмас голманот на Џенова

Мирољубиви 0:0 во македонскиот дуел на Елмас и Пандев со што Наполитанците ја продолжуваат кризата. Пандев излезе во 80-та минута, а Елмас влезе во 66-та и за влакно не успеа да го извади својот тим од калта во финишот од средбата. Погледнете за колку малце не влезе цела топка во гол. Мајсториски му ја сврти со глава.

Меси најде да го љутиш а?

Ако не го видовте финишот од првиот дел на средбата Барселона - Селта, сте испуштиле многу. Двајца јужноамериканци се такмичеа кој ќе даде појак гол од слободен удар. Во 42-ра минута Уругваецот Лукас Оласа го замолчи Камп Ноу, ама затоа го предизвика доктор Лео Меси.

Цел Јане згрми за Карачиќ, а Столе му подари дрес

Вардаровата публика никако не заборава што направи Игор Карачиќ за скопски Вардар. 6 пати македонски, 4 пати регионален, 2 пати европски првак по што се одлучи кариерата да ја продолжи во Кјелце. Тој беше срцето на Црвено - црните. 

Скубе со лажњак горе, ударац доле и тоа два пати

Вака го гледаш ситен, ама оди сопри го да те видам. Сташ Скубе, два пати на иста фора ги фати Пољаците.

Гебдан во драматичен финиш одбрани зицер и го спаси Вардар од пораз

Ракометарите на Вардар и Кјелце одиграа многу неизвесен меч во 7-то коло од ЛШ. Црвено - црните со многу проблеми околу составот имаа +5, но на крајот добро е што извадија и бод.

Се сеќавате на Коди од Кадилак?

Добро ова намерно беше или не? Некако не сме на чисто.