Ањели, вие мислете му ја, остави ја Аталанта

Пред неколку дена претседателот на Јувентус директно и отворено го омаловажи клубот кој според него спаѓа во онаа категорија клубови кои после само една одлична сезона, веднаш стекнуваат право да играат во Лига на шампиони. Тоа било неправедно.

На 5. март, Андреа Ањели, претседателот на италијанскиот шампион Јувентус изрази сомнеж за некои просечни клубови и на дебатата за реформите во еврокуповите запраша дали „на пример после една одлична сезона Аталанта заслужува да има директен пласман во Лига на шампиони“?

„Многу го уважувам се она што го прави Аталанта, но без историја на настапи во еврокуповите и благодарение само на една одлична сезона тие директно влегоа во најголемиот клупски турнир (Лига на шампиони). Исправно ли е тоа или не е?

Ќе напоменам за Рома, која во последните години го оддржува италијанскиот рејтинг во Европа. Тие одиграа една лоша сезона и сега се соочуваат со материјални загуби“, рече Ањели на самитот FT Business of Football Summit во Лондон.

Ова излагање предизвика бурни реакции во Италија. Прв му одговори градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори.

„Го уважувам Андреа Ањели, но не сум согласен со него по ова прашање. За разлика од богатите и познатите, претпочитам да се гледаат резултати постигнати само на терен. И тие кои ги претставуваа провинциските градови заслужуваат место во еврокуповите. Тоа е спорт“, напиша на Твитер, Гори чиј град со недели води страшна битка со епидемијата на новиот вирус.

А после неколку дена Аталанта на терен ги потврди зборовите на таткото на Бергамо - ја разнесоа Валенсија на која во 180 минути фудбал и дадоа 8 гола и се пласираа во 1/4 финалето на Лига на шампиони во својот историски дебитантски настап во турнирот.

Јувентус пак, од друга страна, го чека тежок реванш после поразот од 1:0 во Лион.