Кога Ривер веќе беше виден за шампион, драматична завршница и пресврт се случи на крајот. “Црвено-белите“ од Монументал гостуваа кај Атлетико Тукуман, а Бока на својата „Ла Бомбонера“ ја пречека Химнасија Ла Плата предводена од Марадона од клупата.
Ривер во последните две кола освои само 2 бода, два пати одигра нерешно против Дефенса е Јустисија 1:1 и против Тукуман 1:1. Бока така успеа да ги престигне на табелата и да ја освои титулата во последно коло.
Диего, најголемата легенда на Бока пред мечот доби овации и голем банер од навивачите и подароци од управата. Марадона го носеше дресот на Бока во 1981-1982 и од 1995-1997.
(Добродојде дома)
Во еден момент Карлос Тевез, уште една икона на Бока го бакна својот некогашен селектор во репрезентацијата и фудбалски татко
Карлос Тевес беше многу инспириран на мечот за титулата. Имаше шест шута кон противничкиот гол и 4 шанси за гол. Токму Карлитос го постигна победничкиот гол во 72’ за делириум на Бомбонера.
Погледнете ја таа страст и лудило:
🎥 #Boca no duerme. ¡Así se gritó el gol del campeonato!#BocaEstáFeliz 😃 pic.twitter.com/yfteyREqLC
— Boca Jrs. Oficial (@BocaJrsOficial) March 8, 2020
Во паралелниот меч Ривер одигра нерешено и Бока ја освои 28-та титула во историјата, можеби најслатка во последните две децении, особено ако се знае дека ја освоија буквално во последно коло.
Целосен извештај од мечот:
Еуфорична прослава на титулата:
После мечот фештата била уште полуда: тренерот на Бока Мигел Анхел Русо го полиле со студена вода на прес-конференцијата на која седел со внук му
На улиците во Буенос Аирес се славело долго во ноќта за 34. шампионска титула (Ривер Плејт има 36):
Бока последен пат ја освои титулата во 2018-та. За Карлос Тевез ова е трет пехар - стана шампион во 2003-та, во 2015-та и сега. Буквално во секое враќање дома.