Навивачите на Аталанта парите за карти од ЛШ ќе ги донираат за коронавирусот

На јуначкиот втор осминафинален натпревар на Аталанта им се придодаваат и нивните навивачи кои направија шампионски гест во време на овие кризни мигови во нивната земја.

Натпреварот меѓу Валенсија и Аталанта беше прв од ЛШ за кој се донесе одлука да се игра без публика, но гостинските навивачи кои се радуваат на историскиот успех тоа не ги фрли во очај, туку уште повеќе им проработе разумот.

1.200 навивачи на Аталанта ќе донираат околу 60.000 евра во болницата во Бергамо каде лежат заболени од коронавирусот.

„ГОРДИ ШТО СМЕ НАВИВАЧИ НА АТАЛАНТА

Оваа ноќ требаше да ни биде една од најубавите во нашата историја, но наместо тоа, кризната ситуација става сè во втор план.

Затоа што во овие недели, во нашиот град и пошироко има херои кои се соочуваат со овој момент и работат со недоволни ресурси и во исцрпувачки смени за здравјето на сите.

Затоа решивме парите за нашите билети на гостувањето против Валенсија да ги донираме во болницата во Бергамо и во следните неколку дена ќе направиме трансфер.

Оние што не прашаа како можат да допринесат, ги каниме да донираат на ибанот на болницата.

СПЛОТЕНИ НЕ МОЖЕ ДА НЕ СОПРЕ НИШТО“ 

11 март 2020 - 09:40