Некогашниот магионичар со топката, најдобриот играч на светот кој правеше чуда во ПСЖ, Барселона и Милан, брзо се адаптирал на животот во парагвајскиот затвор.
„Добро се однесува, гледам дека е во добро расположение, исто како кога го гледате на телевизија, посотјано е насмеан“, рекол Блас Вера во телефонски разговор за Ројтерс.
Роналдињо и брат му во петокот беа уапсени од полицијата во Парагвај откако поседувале лажни, фалсификувани пасоши. Судот го одби нивното барање за куќен притвор и кауција, па тие биле спроведени во притвор.
Управителот на затворот Вера рекол дека 39-годишниот Роналдињо и брат му имаат кревети, телевизија и уште еден „цимер“ кој бил голем навивач на Роналдињо на времето. Користеле заеднички тоалет и имаат право на слободно време во дворот на дневна база.
Што се однесува до храната, адвокатите им носат храна по нивен избор, Роналдињо и брат му не ја јаделе затворската храна.
Во оваа единица имало 195 притвореници и затвореници меѓу кои и политичари и полициски официри осудедни за коруцпија, како и воглавном дилери. Најопасните робијаши се затворени во друго крило, далеку од она на Роналдињо. „Правиме сè да им биде што е можно покомфорно“, додава Вера.
Рони во притвор го посетил и Карлос Гамара, поранешен капитен на репрезентацијата на Парагвај кој играше за некои бразилски клубови. Тој дошол во друштво со други поранешни играчи во затворот во саботата.
„Добар е. Потпишува автограми на сите дечки во затворот. Во една сала разговарав со него. Беше ден за посета и имаше многу народ. Сака што поскоро да излезе на слобода и да си оди дома“, рекол Гамара.
„Имаше и група дечки, девојки кои му посакаа добродојде, го гушкаа и муабетеа со него“.
Интересно, според пишувањето на бразилскиот Extra, затворот во понеделник ќе организира турнир во мал фудбал ама Роналдињо најверојатно нема да игра зошто немал патики за фудбал.
Управителот вели: „Не го очекуваме Роналдињо да игра на турнирот, иако многу би сакале макар да гледа“. Вели дека е чиста коинциденција и случајност што турнирот се игра баш неколку дена по притворот на Бразилскиот ас.
На турнирот ќе играат 194 затвореници поделени по 10 во тим. Нема да играат чуварите и стражарите.