Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Осминафиналниот натпревар не се играше во Бергамо, но една третина од овој мал град беше на Сан Сиро и сега се најпогодени во Италија. За противник ја имаа Валенсија, каде една третина од клубот се заразени.
Откако Шинзо Абе. премиерот на Јапонија му предложил на првиот човек на Меѓународниот Олимписки Комитет, Томас Бах, Олимписките Игри 2020 и официјално се одложени за 2021.
7 ноември 1991 година беше еден од најважните датуми во историјата на НБА. На тој ден Меџик Џонсон, најголемата ѕвезда во лигата во тој моомент, објави дека е ХИВ-поизитивен и дека ја завршува професионалната кариера.
Можеби сте го заборавиле бидејќи веќе три години игра во Сион. Инаку роден е во Швајцарија, но има струшки корени, бидејќи неговите се од таму. 27 годишниот играч од среден ред постигна три гола за Фулам, а еден од нив беше прогласен за наградата Пушкаш во 2014-та.
Тако Фол е еден од поинтересните кошаркари во НБА лигата, не поради вештините туку поради невообичаената висина од 226 сантиметри која го прави највисок во цел кошаркарски свет.
Дечково се вика Андри Раџетли и е трикратен светски првак во фристајл скијање со кое стаса да се натпреварува и на ЗОИ 2018. Со секој лајк на неговото видео, донирате 1 цент за коронавирусот. До сега има собрано преку 10.000. Што бе 10.000, ова вреди за милион.
На 22 март во Јапонија на „Саитама Супер Арената“ се одржал кикбокс турнирот K'FESTA 3 кој е дел од светското гран-при К-1 и покрај апелот од власта да се одложи за некои подобри времиња.
Каде е и што прави Мурињо? Остана на островот и во ова невреме се вклучи во хуманитарна акција. Стратегот на Тотенхем донира храна и лекови за постарите кои се ризични да излегуваат и да се мешаат. И тоа кај Енфилд. Браво бе царе.
Делат 2.100 километарска граница со Кина, им се вратија 10.000 работници од Тајланд, подготвија центри за карантин, па дури и пет стадиони ако затребаат, ама за сега тврдат дека Ковид 19 не им влегол дома.
Шпанија е заедно со Италија, Иран и САД најпогодена земја од пандемијата на коронавирус во моментов. Поради тоа, еден од најпознатите спортски светски весници "Marca“ го избра идеалниот тим на Шпанија.
Тоа што спортот стагнира, ни дава уште повеќе време за буричкање по неоткриеното. И кога оп, ете ти ги „The Grandmothers“ од Штип кои пејат вака: „Се собравме сите, стегнавме заби, го создадовме ФК Баби. Почнавме од трета, влеговме во втора, ќе газиме и во прва“.
Карантинот и изолацијата не е повод во целост да се заборави на спортот. Секој се снаоѓа како умее. Тоа го докажа и францускиот атлетичар Елиша Ночомовиц.
Ај сега остајте ги тоалетните и смислите нешто ново по дома, бидејќи ова за кратко време ќе ви го пробијат жените откако ќе почне да се шири. Пробајте си, без гајле, бидејќи таа секако не може да ве фати.
Една од најголемите сензации во историјата на мундијалските квалификации ја имаат приредено Бугарите. И одат на Франција на гости и за пласман на СП 1994 мора да победат, што звучи невозможно. Резултатот е 1:1 и во 90-та минута прават акција по која се раѓа легендарниот коментар кој го ставивме во наслов.
Канадскиот олимписки и паралимписки комитет побараа одложување на ОИ 2020 за следната година поради коронавирусот. Тие летово не праќаат своја експедиција па и да се одржат Игрите во Јапонија.
Рикелме, Савиола, Кареспо, Лучо Гонзалес, Макси Родригез и плејада други асови тргнаа тоа Светско 2006 во Германија да го освојат пехарот. Меси тогаш имаше неполни 19 години. На меч од групна фаза против Србија и Црна Гора (6:0) „Гаучосите“ буквално везеа.
Загреб викендов биеше две битки: Коронавирус и земјотрес. Првата вели седи дома, втората бегај од дома. Навивачите на Динамо Загреб се тука и за двете.
Бразилскиот ас доживеа да пристигне во Асунсион, главниот град на Парагвај и таму поради фалсификувани документи да го стрпаат во притвор. Ама жив човек на сè се навикнува, па така и Рони.
Еден куп фудбалери фатија да жонглираат со тоалетна хартија за време на седењево дома и со тоа да испраќаат џелинџ на други играчи кои ги тагнуваат. Од Несторовски до Меси. Дефанзивецот Александар Игњатовиќ кој беше на позајмица во Феенорд, а сега игра во Албанија, му дојде преку такво и им ја прекина играта.
Лоренцо Санц, кој беше прв човек на кралскиот клуб во периодот од 1995 до 2000 година, почина вечерва на 76 години во мадридската болница како последица од коронавирусот.