Нивното име во превод значи „Лоши сини момци“, што нема врска со начинот на кој делуваа овие денови во корист за своите сограѓани во главниот град на Хрватска.
Пред неколку дена поради пандемија од коронавирусот помагаа во селењето на клиниката Дубрава и разнесуваа лекови и намирници за постарите луѓе, а викендов имаа нова акција за која повторно имаат чиста 10-ка.
Загреб вчера го погоди земјотрес од 5,5 според Рихтер, а тие заминаа на помош на најкритичните точки, овој пат на клиниката за гинекологија.
Кога земјотресот удри сино рано наутро, бремени жени и тазе породени бегаа надвор на отворено, а Бед Блу Бојс им помагаа и носеа сè што е најбитно како инкубатори, ќебиња, храна и сл. Исто и за нив се понудија ако треба да учествуваат во преселба.
Самата слика ја демонстрира оваа нивна феноменална мисија, на која се гледа како внимателно ги носат инкубаторите, кои се најважни апарати за преживување на прерано родените бебиња.