ЗОШТО НЕГОВОТО ПРИЗНАНИЕ ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ?
Во целата НБА историја само тројца играчи претендирале за наградата најдобар играч од основањето:
Бил Расел - 11 титули за 13 години кариера. Расел е икона на Бостон Селтикс на кого му донесе неколку шампионски пехари.
Мајкл Џордан - Глобален симбол за најдобар кошаркар на сите времиња.
Меџик Џонсон - 9 финалиња за 12 години, 5 освоени титули.
Меџик Џонсон измени скоро сè, беше прав кошаркарски револуционер: како плејмејкер висок 2,06 тој создаде кошаркарски стил кој беше попопуларен од повеќе холивудски актери и музичари. Меџик го спои шоуто со победите и титулите и ги постави темелите на современата НБА.
Остана апсолутно предан на еден клуб кој редовно го носеше во плејоф сериите. Тој е најзаслужен за крајот на предрасудите затоа што покажал дека и „еден харизматичен афроамериканец“ може да биде попривлечен и попријатен од суровите белци од Индијана.
Веќе во 1991 година тој не беше само кошаркар туку и главна суперѕвезда на шоуто во Лос Анџелес.
КОЛКУ ЖЕНИ ИМАЛ ВО ЖИВОТОТ?
На 7 ноември 1991 година Џонсон на прес-конференција, откако претходно му се исповедал на легендарниот комесар Дејвид Стер, објави дека ја завршува кариерата.
Во тој момент поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Рон Картер го гледал пресот на телевизија.
„Му се јавив на Норм Никсон а тој на Мајкл Купер. Пробавме да се сетиме на сите девојки со кои сме спиеле и ние и Меџик. Мислевме дека Меџик ќе умре. Ние не сакавме да умреме и во тој момент бевме посрани од стреав“, се сеќава Рон Картер.
Калифорија во '80-те била рај или пекол, за кого како. А Лејкерс биле епицентар на сето тоа.
Сопственикот на Лејкерс Џери Бас не само што се позиционирал себеси како главен плејбој на Лос Анџелес, туку и екипата ја претставувал како таква.
Ќерка му Џини Бас се појавила во магазинот Playboy
Лос Анџелес бил најгламурозно место со најубавите жени од цела држава кои работеле таму.
„Неверојатно убави жени имаше насекаде. Во обичните клубови дечките ги стартуваа девојките, а во „Клуб Форум“ се беше обратно“, се сеќава крилото на Лејкерс Мајкл Купер.
„Трчавме после натпреварите во соблекувална, се туширавме и одма одевме во „Форум“. Ние резервните играчи моравме да стигнеме таму пред доаѓањето на Меџик и Никсон за да добиеме внимание од макар една жена“, се сеќава резервата на Лејкерс од тоа време Клеј Џонсон.
„Сигурна сум дека екипите од другите градови се насладуваа во „Клуб Форум“ повеќе отколку нашите од Лејкерс. За сите нив тоа беше бегство од реалноста, одмор подалеку од Милвоки, Детроит и многу други не баш толку забавни места. На лице им се читаше: „Добро, нè утепавте на терен, сега кажете ни кај е тој „Клуб Форум. Секој спортист таму беше многу важен па се случуваше да му дојдат три, четири, пет девојки а тој да одбере со која ќе оди“, памети Линда Рамбис.
Во тоа време имало анегдота дека поранешниот легендарен центар Вилт Чемберлен спиел наводно со 20.000 жени.
„Кога со Норм Никсон бевме на колеџ, после секој натпревар одевме во ноќен клуб и никому таму не бевме привлечни. Пројдоа две години па се случи две жени да се скараат која ќе ја пројде вечерта со него. Го прашав: „Што е работава“? А тој ми кажа: „Знаеш, Рон, кога ќе потпишеш со Лејкерс стануваш неодолив. Жените беа агресивни, многу агресивни. Тоа беше во ерата пред да се појави ХИВ“.
Норм Никсон бил најпосакуван грач на ЛА Лејкерс до крајот на '70-те. После се појавил Меџик Џонсон кој наводно спиел со 300 до 500 дами секоја сезона.
После секој натпревар многу жени се туркаа кон подтрибинскиот тунел и му фрлаа ливчиња со своите телефонски броеви на Меџик. Понекогаш се случувало дури и уморниот Џонсон да прати некое дете задолжено за топки да отиде кај некоја девојка и да ја покани во помалата сала каде би се запознала со славниот Меџик.
Најголема љубов на неговиот живот била Куки Кели. Откако се запознал со неа, тој на жените пред „Стејплс Центар“ им викал дека спие исклучиво сам.
Меџик знаел да изјави и дека негова прва љубов е кошарката и дека и е најпосветен па затоа не сакал никаков секс пред натпреварите.
КАКО ДОЗНАЛ ЗА БОЛЕСТА?
Во летото 1991 година Лејкерс изгубил двајца лидери - Бајрон Скот и Џејмс Ворти кои се повредиле. Влезот во новата сезона не бил сјаен. „Езерџиите“ одиграле неколку меча во Бостон, едвај го победиле Хувентуд во Париз и се вратиле во Лос Анџелес.
Оттаму требале да патуваат за Јута а после за Ванкувер. Никакви симптоми кај Меџик немало: тој тренирал уште појако од претходно но по извесно време некако му паднала формата.
Во Париз дознал дека Куки чека дете. После пар дена во Солт Лејк Меџик добил препорака од лекарите да се врати во Лос Анџелес.
Лејкерс официјално објавиле дека Меџик е заболен од грип и на ниту еден играч ништо не му било кажано. Не бил известен ниту главниот тренер Мајк Данливи кој после неколку дена гневен ја турнал вратата кај генералниот менаџер Мич Капчак и побарал да му објаснат се зошто стартот на сезоната бил за една недела.
Во крајот на '80-те Сидата во Америка била раширена. Светската здравствена организација го информирала населението за опасноста дека секоја година како последици од болеста умираат стотина илјади луѓе во САД, а во целиот свет од 8-10 милиони би можеле да се инфицираат.
Сидата е всушност последен стадиум на ХИВ вирусот, па така Меџик Џонсон откако лекарите и психолозите постојано му зборувале дека тој нема ХИВ, и тој почнал јавно да зборува за разликата меѓу Сида и ХИВ.
КОГА ДОШОЛ ДОМА И Ѝ СООПШТИЛ НА ЖЕНА МУ
„Кога влезе дома имаше некој чуден израз на лицето. Помислив дека некој умрел. Го прашав: „Толку е лошо“? -Да“, ми одговори.
Зема длабок воздух и ми раскажа. Јас се шокирав. Плачев. Мислев само на детето. Што ако го изгубиме детето?
Не можев да поверувам. Поминавме низ толку работи за да се земеме. На крај го решивме тоа прашање и сега требаше се да биде полесно. Меџик сфати дека бракот не е толку страшен како што мислеше. Ми кажа дека ќе ме разбере ако си одам. Не можев да поверувам, му удрив шлаканица.
Ти си полудел?! Како мислиш ќе си заминам? Јас те сакам. Двајцата паднавме на земја и плачевме“ Сфаќав дека може да умре, тогаш уште не ги разликувавме СИДА и ХИВ, но се трудев да мислам на нешто друго. Каде и да одевме луѓе ни викаа: „Ве сакаме, се молиме за вас“. Кога Меџик ми кажа дека јавно ќе објави за болеста, се ужаснав. Мислев сега ќе не осудуваат, веќе нема да не пуштат по ресторани. Но се справивме со се заедно. Нашата љубов беше силна“, раскажала подоцна Куки Џонсон во една од многуте исповеди.
Гласините за болеста на Меџик Џонсон станувале се погласни, така што менаџерите му закажале прес-конференција на 7 ноември. Пред неа договориле средба со екипата на Лејкерс а таму Меџик индивидуално се простил со секој играч, тренер и вработен во клубот.
„Дојде во син костум, бела кошула, изгледаше прекрасно. Му кажа на цел тим дека има вирус во негов стил: „Дечки, имам вирус. Веќе не смеам да играм баскет“, вели Гери Вити.
„Сите дечки заплакаа, сите кои беа таму сочувствуваа со Меџик Ирвин Џонсон. Сфаќавме кого губиме иако тој се уште беше таму“, вели тренерот Мајк Данливи.
После тоа Џонсон се измил и тргнал пред новинарите. Цел свет бил во исчекување што ќе каже:
„Сакам да нагласам дека имам ХИВ, не сида. Жена ми е добро, таа е здрава, никакви проблеми нема. Планирам да проживеам долг живот. Ќе ме гледате тука, ќе бидам заедно со Лејкерс и лигата, да уживам во животот во кој не можев да уживам поради тренинзите и сезоната. Иако нема да фаќам баскет во рака.
Ќе им раскажувам на луѓето за ХИВ. Сакам младите луѓе да сфатат колку е важен сигурниот заштитен секс. Некогаш мислиш наивно дека ништо нема да ти се случи, но не е така. Некогаш мислиш дека тоа им се случува само на хомосексуалците, а не со мене. Но еве стојам пред вас и ви говорам дека може секому да се случи. Дури и на мене, на Меџик Џонсон“.
ПО КРАЈОТ НА КАРИЕРАТА ПОЧНАЛ БИЗНИС
Меџик Ирвин Џонсон откако се одјави од кошарката, основал хуманитарни фоднови, собирал донации за истражувачки проекти, помагал на оние кои се инфицирани а немаат пари за третмани, учествувал во владини и меѓународни програми, отворил дури 7 клиники.
Според CNN, Меџик собрал повеќе од 30 милиони долари донации за поддршка на борбата против ХИВ.
И што е најглавно, тој сиве овие години остана човек кој продолжува да се бори со ХИВ. За да не дозволи да му премине во терминален статус, тој секојдневно примал специјални противвирусни коктели.