Offside

Репрезентацијата дебитант на Светско првенство Зеленортски острови (земја со население од 530.000 жители) ја намачи Аргентина во 1/16 финале од Светското првенство па Меси и другарите едвај после продолженија славеа 3:2 и се пласираа во осминафинале со тешка мака.

Од кај па сега фудбал на мраз?

Можеби ќе излезе дека сме демодирани, ама стварно не знаевме за ова. Хокеј на мраз да, ама фудбал на мраз? Еве сами ќе видите дека нешто не штима тука, ко пијани кокошки се движат.

Како везе Ајакс, топката му ја крие на противникот

Имаат постигнато 47 гола на 14 средби кои одлично ги возат без пораз. Викендов го намачкаа Хераклес 4:1, а акцијата при првиот гол беше „Дојдете и земете ако можете“.

Каков Роналдо, гледајте го Чиро

Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.

Вака се сака клубот и во победа и пораз

По болниот пораз во финалето на Копа Либертадорес кога водеа 1-0 до 89’ минута а после во безмалку 120 секунди примија два евтини гола и изгубија од Фламенго, играчите на Ривер Плејт се вратија во Буенос Аирес. А таму, љубов на квадрат со навивачите.

Ѕверот Вајлдер и нокаутот на годината

Дионтеј Вајлдер по десетти пат ја одбрани WBA титулата во тешка категорија, откако во Лас Вегас го нокаутираше Луис Ортиз кој шест рунди боксуваше фантастично.

Како Италијанците ја билдаа атмосферата пред мечот со Ерменија

Фудбалерите на Милан изгледа треба да се огледаат од Италија У-21, бидејќи соблекувалната служи за облекување и за мотивирање еден со друг, а не за дремење на Фејсбук и Инстаграм.

42.000 луѓе во Мексико дошле да го гледаат Федерер

Роџер Федерер можеби не играше на новиот Дејвис Куп во Шпанија каде издоминира Надал, но затоа 38-годишниот Швајцарец сруши нов рекорд. Овојпат на егзибициски меч во Мексико го гледаа преку 40.000 луѓе што е апсолутен рекорд.

Магијата на нисколигашкиот фудбал лежи во оваа акција

Од тие треторазредни лиги ширум Европа знае да излезе по некој лудак со Меси соло продор, ама најслаткото е кога ќе начекаме некоја ваква контра со неколку генијалности во едно. Ова скапоцено видео парче со епски крај ни доаѓа од Италија.

Швајцарска тики-така во режија на Јанг Бојс

На мечот Сион - Јанг Бојс (3:4) во краток временски период паѓаа голови како дожд. Во 76’ минута при резултат 3:3, гостите прават акција ала Барса а егзекутор е Рожер Асале.

Како царице црвен картон за докторот?

Лекарските екипи според правилата мора да добијат дозвола од главниот судија за да истрчаат на теренот и да дадат помош на повреден играч. Ама една судијка во Шпанија малку се занесе па се размавта со црвениот картон додека на тревник лежеше повредена фудбалерка.

Фотките кои не требаше да протечат од соблекувалната на Милан

На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:

Фламенго ги пречекаа Габигол и другарите како богови

Да губиш 1:0 до 89-та минута во едно финале на Копа Либертадорес и потоа да го освоиш е лудо, а уште полудо или најдуло се овие епски сцени кои ќе ги видите во Бразил. Пречекот за новиот јужноамерикански првак Фламенго кој по речиси четири децении го крена пехарот изгледа вака:

Де Хеа па не е реално ова што го направи

Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.

Маестралниот Лука Дончиќ сам го победи Хјустон

Репрезентативецот на Словенија сериозно се наметнува за наградата МВП на сезоната. Синоќа буквално сам го победи Хјустон и најдобриот играч во регуларниот дел лани, Џејмс Харден.

Нестогол го даде првиот гол за Удинезе и го исмејуваше ВАР системот

По 13 минати кола, Илија Несторовски го постигна деби голот во дресот на Удинезе на гостувањето против Сампдорија која сепак го сврте на крај резултатот на 2:1. Нестогол реагираше иронично спрема ВАР технологијата, со која во 3-та минута му беше поништен гол поради претходно играње со рака на негов колега.

Евра запеа хит на Оливер Драгоевиќ

Не е лесно да се оди на млади години во пензија. Патрис Евра веќе не знае како да го помине слободното време, па откако даде интервју за хрватски медиум, му посвети песна на поранешниот колега од Јуве, Марио Манџукиќ. 

Сантијаго Бернабеу силно го исвирка Бејл

Зинедин Зидан синоќа против Сосиедад го стави во игра Герет Бејл, а публиката му приреди пречек како што се очекуваше. Ти не нејќеш? И ние те нејќеме.

Голман, ти не си арен

Тоњо Родригез, голманот на мексикански Чивас, на мечот против Веракруз во домашното првенство, во 93' минута реши да проба нешто невозможно. Ја зарога топката силно од гол на гол, зошто го виде својот колега подизлезен и постигна многу јак гол за победа од 3:1!

Лудо финале на Копа Либертадорес - Фламенго славеше со голови во 89 и 92 минута

Во Јужна Америка дефинитивно не може да се одигра мирен, неемотивен меч без напнатост и тензија.Така беше и во саботата вечера, кога за вредниот златен пехар во Копа Либертадорес се судрија титаните Фламенго и Ривер Плејт.

Убавина од акција на Тотенхем и генијален пас на Деле Али

Фантастичен старт на Жозе Мурињо кој на деби мечот му донесе гостинска победа на Тотенхем по пауза од 11 месеци и тоа на дербито со Вест Хем 2:3. Погледнете какво акцииште врзаа и каков магичен пас изведе Деле Али.

Кој му дал на овој да шутира пенал?

На Куп натпревар во Бразил меѓу екипите на Пајсанду и Куијаба, финалето после нерешениот исход се решавало на пенали. Куијаба загуби затоа што довербата на крај му ја даде на човек кој после ова корнер не треба да му дадат да изведе.

Дебакл на Вардар во Белорусија

Ново лошо издание на ракометарите Вардар кои загубија и на гостувањето против Мешков Врест и со тоа си го искомплицираа патот за пласман во нокаут фазата.

Окта сигурни во дуелот со ТАВ

Во четвртиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Фабрика Карпош – ГИМ, Окта и ЈП Водовод.