Ешли Јанг со совети од жариштето Милано

Репрезентативецот на Англија и доскорешен капитен на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг во јануари дојде во Интер. Кај би можел да претпостави што ќе се случува само неколку недели подоца.

Италија е најпогодена земја од Ковид-19 со повеќе од 69.176 потврдени случаи и над 6.000 починати лица како последица на вирусот. Италија е затворена во карантин повеќе од две недели со строги рестрикции на движење за поголем дел од населението.

Универзалниот фудбалер буквално се затекна во Милано каде во изминатите неколку недели букти КОВИД - 19. Решил да не се става во ризик да патува додека трае жариштето, па останал во Милано.

На Твитер напиша една нишка за тоа како народот треба да се однесува во вакви кризи:

„Здраво на сите, само сакав да споделам мое мислење со оглед на тоа што во моментов живеам во Италија, епицентарот на вирусот.

Реално супермаркетот сега е главен ризик од ширење на вирусот и дури и инфицирање од него. Кога зборувам со фамилијата и пријателите им кажувам дека е лудо да одиш да земеш храна. Запамтете, карантин е карантин!

Во Италија одењето во супермаркет е изненадувачки мирно... нема тепачки за храна, нема празни рафтови и што е најважно никој не ги навредува вработените што ограничуваат храна или од која било друга причина. Вообичаено во секој случај едно лице купува за цела куќа.

Стоење во ред за да влезеш во супермаркет е стандард, но не поради залихите или поради алчност. Супермаркетите го ограничија бројот на луѓе кои влегуваат па никогаш не е преполно. Така што чекај и биди трпелив за да влезеш во твојот супермаркет.

Ако мора да влезеш во лифт влези со само 1, 2 лица во истовреме. И стоите на спротивни страни од лифтот, со лицето во страна, не диши кон тој што е со тебе.

Секогаш користи ракавици од моментот кога ќе излезеш од кола. Не сакаш да фаќаш колички кои некој друг ги фаќал. Чувај ги ракавиците се додека не се вратиш во кола.

Користи маска за лице или шал за да ги покриеш носот и устата.

Секогаш држи дистанца на каса. Држи ја количката зад себе додека ги вадиш работите на каса, така ги држиш луѓето од позади да ти се приближат.

Не го ставај приоритетно твоето право на пазарење пред нечие друго, направи разлика меѓу твоите и неговите па ниеден твој производ да не се допре со нивните. Овде (во Милано) не можеме да ги ставиме нашите намирници на каса се додека лицето пред не заврши со плаќање.

Ова можеби звучи грубо но третирај го секој што не ти е дома како веќе да има вирус, едноставно не знаеш!!

Најважно, останете сигурни. Тоа е тоа што го правиме овде, не е некакво претерување, туку останување безбеден. И запамти дека и другите треба да те гледаат така. Не е страшно, туку само е начин да се држи крајно растојание за да се спасат животи“, констатира Ешли Јанг кој само што почна со одлични настапи за новиот клуб Интер и епидемијата стигна во Италија.

 МАЛДИНИ РАСКАЖА КАКО СЕ СПРАВУВА СО КОРОНАВИРУС

25 март 2020 - 09:03