После скоро 11 години, Ешли Јанг стана првиот Англичанец кој дал гол на „Сан Сиро“. Некогашниот заменик-капитен на Манчестер Јунајтед, синоќа ја начна мрежата на Бреша (6:0). Претходно Дејвид Бекам беше англиски стрелец на култниот стадион со гол на 28 јануари 2009-та на дуелот Милан - Џенова.