Фудбалер на Барселона и Селта Виго кој работи како фармаколог во кризата

Цел спорт застана поради коронавирусот. Фудбалерите седат дома како и сите други во карантин и сонуваат кога пак ќе истрчаат на терен со преполни трибини.

За тоа време шпанските медиуми наишле на една интересна сторија - Тони Довале, фудбалер кој привремено работи во аптека како фармаколог. Додека трае кризата со коронавирус која страшно ја удри Шпанија: досега околу 49.500 заразени и над 3.640 смртни случаи.

Тони Довале потекнува од школата на Барселона - Ла Масиа. Тој бил дел од суперталентираната генерација деца родени во '90-те од кои неколку дури и стигнаа до прв тим на Барса. Довале играл во иста екипа за младинците со Жорди Алба, Бојан Кркиќ, екстраталентиранитре браќа Дос Сантос.

Иако сите пропаднати таленти од Ла Масија ги споредуваат со Бојан, патот на Довале е поблизу до оној на Жорди Алба, трофејниот и незаменлив лев бек на Шпанија и првиот тим на Барса.

Довале и Жорди дури и заминале во ист момент од Ла Масиа: Алба отишол во Корнеља, Довале во Селта Виго. Левиот бек подоцна потпиша со Валенсија каде потврди дека е врвен фудбалер, а Тони (игра десно крило) дебитираше во Ла Лига за Селта па се изгуби на фудбалската мапа.

Довале пар години пробуваше да стане стандарден првотимец, во сезоната 2013/2014 заигра во Примера но не за долго. После Виго играл за Уеска, Канзас во МЛС, Луго, Леганес и Рајо Ваљекано.

Самиот Тони вика дека најдобро во кариерата му било во Луго каде го тренирал Кике Сетиен, актуелниот тренер на Барса:

„Кај него се чувстував максимално комфорно, најдобар однос што сум го имал во кариера. Кике ми ги отвори очите со својот поглед на фудбалот, ниеден тренер не ми ги објасни принципите на игра така јасно како него“.

Тони понатаму тргнал на пат околу светот. Детето од Ла Масиа отишло во трет фудбалски свет: прво во Индија, па потоа на Кипар, па се вратил во Индија, а во летото 2019 потпишал договор на Тајланд, за клубот Нави. Таму и го затекнала епидемијата со коронавирус.

„Се вратив во Галиција пред Божиќ, во Тајланд тогаш заврши сезоната. Требаше да се вратам назад во Азија пред почеток на сезона, ама тогаш почна сè ова. Прво сите Европејци не ставија во карантин, после забранија влез, а сега веќе и Европа е центар на епидемија“, раскажал Тони.

Тој некое време седел без работа зошто нема фудбал никаде, па решил да работи во семејната аптека која ја држи мајка му. И таму работи веќе четири месеци. Ако мислите дека работи само утовар-истовар, грешите. Тони Довале е дипломиран фармаколог.

Тој додека играл за Селта Виго, студирал вонредно на Универзитетот во Сарагоса. Само поради фудбалот немал време за пракса што било услов за стекнување магистерски степен. Сега има време.

29-годишниот Тони има интересен поглед на некои аспекти на карантинот:

„Во аптеките сега се продава сè: маски, ракавици, алкохол. За жал не сите разбираат дека некои животно важни работи ги нема уште пред еден месец. Сега е проблематично да се најдат важни работи.

Луѓето доаѓаат со симптоми, мораме постојано да дезинфицираме сè. Работиме со ракавици, мора да се биде максимално опрезен.

И да не забораиме дека во болниците веќе имаат доволно грижи. Тие работат и со пациенти со срцеви заболувања и други проблеми со здравје. И тие луѓе исто треба да добијат лекарства, инаку нашиот систем просто нема да се справи со напливот“, вели Довале.

И покрај тоа што фудбалската кариера му е на пауза, реномираниот сајт transfermarkt.com пишува дека Довале во моментов е без договор. Тој и натаму се позиционира како фудбалер. А работата во аптека ја нарекува општествено-граѓанска должност.

„Јас повеќе сум по шутирање топка отколку продажба на маски, но сега е вонредна ситуација. Низ вакво нешто уште не сме поминале, се надевам ќе бидеме грб со грб. Сите сакаме што побрзо да пројде и да се вратиме кон нормалниот живот. Во мојов случај тоа е фудбалот. На Тајланд или каде било. Но сега можам да помогнам и се гордеам што придонесувам“, вели детето на Барселона.

ФУДБАЛОТ ПРОТИВ ВИРУСОТ: КЛУБОВИ ПОМАГААТ БОЛНИЦИ, ИГРАЧИ ДАВААТ ОД ПЛАТА

26 март 2020 - 10:25