Еден од првите кои снимија видео од карантин беше Окслејд-Чембрлен. Тој играше со девојка му Пери Едвардс:
Додека помладите безделничеа, ветеранот Милнер реши корисно да ги поминува времето во карантин.
„Еј Окс... Многу е весело и овде во домот на Милнер - распределувам чај за цела недела“
Следниот ден заменик капитенот на Ливерпул излегол во двор и ја крател тревата:
„Сега кога филтрите за чај се сортирани, имам време за да ја израмнам тревата... се прашувам дали може да го земам од Енфилд знакот „Не газете по тревата“.
На големиот борец и најомилен фудбалер на навивачите на Ливерпул една жална вест му ја прекинала занимацијата по дома - починал неговиот поранешен соиграч од Астон Вила, младиот Питер Витингем (35). Не од коронавирус, туку паднал без свест во еден паб и починал.
RIP Whitts - A top guy, fazed by nothing & a wand of a left peg 🙏🏻 https://t.co/kdwxnWJFTD
— James Milner (@JamesMilner) March 19, 2020
Во петокот Милнер се врати на социјалните мрежи. И тогаш изгледаше дека неговите две деца (5-годишна ќерка и 4-годишен син) нема да бидат долго на распуст. Милнер им ги острел моливите:
За разлика од многу негови колеги кои надвор од терените излегуваат по клубови, пијат па и пушат цигари, Милнер е прав пример како на тренинзи и натпревари така и во приватниот живот.
Милнер е прав пример за скромен британски фудбалер од стар ков.
Тој долго немаше социјални мрежи, но долго време за неговиот имиџ работеше некој акаунт @BoringJamesMilner. Овој фејк профил некое време беше популарен со досетки од типот шегачење после 0:0 на Ливерпул или објави дека Милнер пегла завеси за време на Новогодишната вечер.
Или спрдња со фејк преписки со соиграчите:
Во вторникот вечер како и него да го потфати с'клет па направи идеален тим од 11 предмети со слично презиме како некои фудбалери. Пример лампа за Лампард, сребрена монета (silver) за Давид Силва, бургер како Патрик Бергер итн: