Offside

Трето важно поглавје во Италија за македонскиот дијамант. За жал нема да фати ЛШ, но ќе игра на меѓународна сцена.

Голот на колото во ЛШ е дело на Вардарци

Актуелниот шампион на Европа имаше моќен настап против Мотор Запорожје кој го совлада со 10 гола разлика. И покрај финансиските проблеми момците на Стевче Алушевски беа мотивирани и за шоу. ЕХФ го препозна во онаа атрактивна акција на Дибиров и Скубе како во НБА и голот на Русинот го прогласи за број 1.

Наградата за МВП на Ол Стар е преименувана во Коби Брајант

Ол стар викендот во Чикаго е во знак на сеќавање на Коби Брајант во чија чест НБА лигата направи неколку измени во форматот. Тимовите ќе носат броеви 24 и 2 на своите дресови, а четвртата четвртина ќе се игра без мерач на време.

Врвно шоу, луди забивања и канонада тојки

Интересна втора вечер од Ол-стар викендот во „Јунајтед Центар“ во Чикаго. Публиката уживаше во разновидни вештини, во рафални шутеви за три поени и во спектакуларни забивања.

Гордон ја заби преку највисокиот играч во НБА и пак не му дадоа трофеј

Најатрактивната вечер на Ол стар викендот е секогаш втората во која натпреварот во забивање се гледа без трепкање. Победник е Дерик Џоунс Џуниор од Мајами, а најразочаран е Арон Гордон од Орландо. И со право.

Вардар се крена и убедливо го прегази Мотор

И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.

Проектилот на Његош

Легендарниот Дејан Станковиќ го имаше своето тренерско деби и ќе го памети по победата на неговата Црвена звезда над Чукарички од 0:2. Шампионот на Србија со брзи два гола го реши мечот, а вториот погодок, дело на младиот Његош Петровиќ беше проектил.

Новиот Усеин Болт се трка со бикови

Откако легендарниот Јамајчанец реши да се повлече од атлетиката, некое време се бараше негов наследник. Изгледа дека го најдоа во јужна Индија.

Шоу на Дончиќ, ја заби лабаво од пола терен

Ол стар викендот стартуваше со мечот меѓу тимот на Америка и тимот на светот во кои учестуваа ѕвездите во подем. Постигнаа вкупно 282 коша или конечни 151-131 за Американците. За спектаклот да биде уште поголем се погрижи Лука Дончиќ кој ја побудале публиката во Чикаго.

Чисто колку да се загрееме за Ол стар

Не знаеме што имаат смислено и што ли ќе изведат вечерва ол стар ѕвездите на натпреварот во забивање, ама ако на некој му фали идеја еве му. Дечки чиста 10-ка и за идејата и за реализацијата. Маестрално изведено.

Твит на денот за сите напатени кладилничари

Со оглед на тоа што е викенд, дај жртвувајте барем едно 50че. Ако упали, од следен викенд давајте и по 100че со се билтен во рака. За вас останува уплатата и исплатата.

Бразилска фудбалска шатро фора

Во бразилски куп се сретнаа нисколигашот Сао Раимундо и славниот Крузеиро. Мечот заврши 2:2, а во 79’ минута се случи комична ситуација кога гостинскиот фудбалер Еду направи тежок фаул, па со соиграчите пробаа да го збунат судијата да не знае кого да исклучи. Ама на крај не куртули.

Ватерполистот Естиарте, најдобриот другар и гуру на Гвардиола

Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.

ЕВН во последната минута до победата на ЕЛЕМ

Екипите на Макпетрол, Рамстор и ЕВН славеа победи во последниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Рајола прекина интервју за да се брани од Ибра

„Извинете ама јас сега ќе мора да се бранам, бидејќи од последниот пат кога ми удри бокс уште ме боли“, рече Мино Рајола за Златан кој овој пат помина многу полесно.

Кај смееше да му писне некој на Колина

Шест години по ред (1998-2003) ФИФА го прогласуваше за најдобар судија во светот. Беше познат по својата строга принципиелност и имаше голем авторитет. Сега да суди во ова време на размазени милионери, ќе ги реши во секунда.

Гол на годината за Гинис

Мухамед Туре е фудбалер или поточно дете кое постави рекорд тешко достижен во фудбалот. Даде гол во прволигашки фудбал, а е пилиштар кој според годините што има кај нас би се водел за прва средно.

Од кај се појави детево кое импресионираше со шрауба, а потоа даде луд гол со топовски удар?

Што рака ќе имаше бе? Мислевме дека голот на Кире од слободен што го даде скоро е врвот, ама ремек дело како ова многу ретко се гледа во ракометот. Го испука како од катапулт. За него допрва ќе се слуша.

Што сè ќе се гледа на Ол-Стар викендов?

Почнува од доцна вечерва и ќе трае во ноќта помеѓу недела и понеделник. Ол стар викенд на кој најдобрите кошаркари на светот ќе го покажат целиот свој раскошен талент и ќе виткаат обрачи.

Џиџи Буфон доби дрес од син му на Малдини, вика сега ги чека внуците

Излегува Џиџи во тунелот под трибините на Сан Сиро и новинарите го застануваат. „За дресот на Даниел да ни кажеш два збора“. И Буфон со интересно излагање.

Кош од своја половина за кој зборува цела Америка

Кошаркарот на Оклахома Стивен Адамс добро го следеше семафорот на мечот против Њу Орлеанс и откако сфати дека нема време за градење акција, реши да го фрли баскетот како круша. Да го видиме резултатот. 

Матијас затвори тоа тунелот

Вниманието од стартот на годинава во Милан е насочено најмногу кон Ибрахимовиќ, но во последно време се повеќе се истакнува Анте Ребиќ. Хрватот на последните 6 меча даде 5 гола, а погоди и вчера против Јуве. Де Лихт добро ја почувствува неговата форма во оваа игра еден на еден.

Тончи Кукоч ја има прославата на месецот

Да, има врска со славниот кошаркар на Чикаго Булс. Внук му е. Се вика Тончи Кукоч, роден е во Сплит а во моментов игра за Хонвед од Будимпешта. На мечот против Халадас во унгарскиот Куп даде победнички гол и се качи на трибините да си аплаудира сам на себе. Доби жолт картон за прославата.

Сака фудбал, а за Виери вика дека игра во одбрана

Водителот прво го прашува: Следиш фудбал? Да. Потоа треба да погоди нешто што го знаат точно и деца од основно. Ама деца што стварно следат фудбал. Attaccante е напаѓач, а difensore дефанзивец. По одговорите ќе сфатите колку е он уствари дудук на темава.

Во лавовска борба Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс гиподелија бодовите

Во третиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на МЕПСО и Аптив, а Уни Банка и Џојсон Сејфти Системс одиграа без победник.