На мечот Сеул - Гвангжу (1-0), домаќинот решил на трибините да стави кукли во облик на модели за кои подоцна се испоставило дека се секс-кукли.
Поради ова управата на Сеул ѝ се извинила на јавноста (во услови кога нема многу други лиги, многу тв куќи вршат преноси од корејското првенство) и соопштила дека дошло до недоразбирање со доставувачот на куклите.
Кеј-Лигата стана прва поголема лига која продолжи со фудбал пред пар недели, очекувано без публика, со затворени врати и телевизиски преноси.
Обидот на клубот Сеул натпреварите да ги направи малку пореалистични, со колорит на трибините, после мечот со Гвангжу само ги разгорела социјалните мрежи каде корисници приметиле дека станува збор за секс-кукли.
2016 K League winners FC Seoul inadvertently used sex dolls rather than fashion mannequins to help fill empty stands this weekend. The club has apologised. Both the club and the supplier are pointing fingers at others. (It's not just COVID-19 you need to avoid catching!) #kleague pic.twitter.com/59rSU8XxYL
— Devon Rowcliffe (@WhoAteTheSquid) May 17, 2020
Фотографите кои биле присутни на празниот стадион забележиле десетина кукли кои стојат една до друга и во рака држат банери со логото на Сеул.
„Сакаме да им се извиниме на навивачите. Длабоко жалиме. Нашата намера беше да направиме нешто весело во овие тешки моменти. Ќе размислиме сериозно што треба да направиме за да се осигураме дека во иднина веќе никогаш нема да се случат вакви работи“, стои во соопштението на Сеул на Инстаграм.
На крајот Сеул победи 1-0 со голот на Хан-Чан Хи.
ВО БУНДЕСЛИГА ИМАШЕ НАВИВАЧКИ ДЕКОР
На пар стадиони ширум Германија, клубовите за време на натпреварите од продолжената Бундеслига, на трибините поставија шалови, маици, капи, дресови, барем делумно да доловат некакво визуелно присуство на трибините.