Откако го згромија Шалке со 4:0, фудбалерите на Борусија Дортмунд не заборавија на најважната традиција: и покрај отсуство на гледачи на стадионот, сите играчи отидоа кон навивачката трибина зад едниот гол, позната како „Жолтиот ѕид“ и им заблагодарија на навивачите за поддршката како да се тука.
Но за разлика од претходно сега не се држеа за раце туку согласно препораките, држеа социјална дистанца.
„Жолтиот ѕид“ е легенда. Еднаш Борусија Дортмунд со помош на оваа трибина го истрола и Доналд Трамп. Во 2017-та година претседателот на САД им вети на своите гласачи дека ќе изгради огромен, долг ѕид на границата меѓу Америка и Мексико, а од Дортмунд твитнаа дека има само еден ѕид во кој тие веруваат.
Haaland is a Robotpic.twitter.com/FPO9ME9epE
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) May 16, 2020