Offside

Летнаа 17 дена од Светското или вкупно 72 натпревари од групната фаза. Голем успех за Конго, БиХ и Зеленортските Острови кои за прв пат се радуваат на мундијалска нокаут фаза, последниве како дебитанти. Уругвај и Турција разочaраа.

Само еден играч на Сити не му аплаудираше на Ливерпул

Пред мечот Манчестер Сити - Ливерпул, на стадионот „Етихад“ домашните фудбалери направија шампионски шпалир за новиот првак. Сите играчи на „граѓаните стоеа во две паралелни колони и со аплауз ги поздравија ривалите. Ова е традиционален ритуал во некои земји.

Меси по четврти пат си оди од Барса, ништо чудно пак да се смират со нов договор

Вест број еден од шпанскиот фудбал во петокот беше инсајдот од познатото радио Cadena SER: Лео Меси сака да си оди од Барса во 2021-ва кога му истекува договорот.

Кога Борусија го остави Чалханоглу на слободен без жив ѕид

Турчинот тука има само 20 години и е член на Хамбург, а Милионерите го оставаат од скоро пола терен да ја изведе без никакви пречки. Хакан се намести и мртов ладе ја зафука во гол, топката одеше право во голман, ама и не одеше.

Ајде нека дојде август побрзо

Пред месец дена требаше да го дознаеме европскиот првак, ама сè се поремети. Не дека е лошо сега со фудбаливе, бидејќи секоја вечер ги има, ама го чекаме вистинскиот, шампионскиот фудбал од кој произлегува ваква атмосфера која за жал веројатно овој пат ќе биде забранета.

Џиџи Буфон како Чкаља, ќе учи школо на стари години

Минатата недела Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Јувентус после што 42-годишниот легендарен голман ќе го гледаме уште една година во фудбалот.

Македонска пливачка тренирала 100 дена во 2 метри базен

Ковидот ги сопре фудбалерите, кошаркарите, ракометарите да не може да играат, но тие барем можеа да тренираат индивидуално, а пливачите останаа само со тренинг на суво кој не им врши работа. Ева се најде махерски и издржа до крај.

Моника Селеш – кралицата на која и беше расипано владеењето

Родена е во Нови Сад во 1973-та, родителите и се Унгарци, а во 1994-та добива и американско државјанство бидејќи се селат таму. Како дете вежбала на мрежа оптегната меѓу две коли на паркинг. На само 19 години испиша историја која се нема повторено во тенисот. Ќе ја продолжеше ако не беше тој насилник.

Клоп до новинар: „Гледаше фудбал и ме прашуваш дали сме имале шанси“

Мамурниот Ливерпул иако отиде во Манчестер во полн состав, изгуби од Сити со убедливи 4-0 па на Јирген Клоп баш и не му беше до смеење синоќа на „Етихад“. После мечот новинарот Џеф Шривс го прашува дали имале добри шанси при резултат 0-0.

Таква контра само Белгија може да изведе

Во осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018-та, Јапонија со две „камикази“ за само 4 минути (Харагучи 48', Инуи 52') ја олади Белгија и почна да им ги пакува куферите. Ама Белгијците не за џабе беа фаворит број 1 за финале, па се вратија за 5 минути (Фертонген 69' и Фелаини 74'). За да во последни секунди светне една луда контра која ја круниса Шадли.

Како Челси ги пазари новите засилувања? Лампард и Чех им доаѓаат дома на гости

Неколку години Челси беше, а и уште е синоним за клуб кој праќа млади играчи на калење, со надеж дека еден ден ќе се вратат поискусни или ќе ја наполнат клупската каса. Ама тоа е само дел од голема трансфер машинерија,

Сане дојде во Сити поради Гвардиола, а сега си отиде поради него

Германскиот шампион Баерн Минхен на сите ѕвона ја соопшти веста дека младиот крилен напаѓач Лерој Сане е нивен нов играч. Го покажаа дури и со нивен дрес и со потпис на договор. Зошто овој најталентиран европски играч замина од богатиот Сити?

Мане обично оваа ја дава мижеечки

Во натпревар без никакво резултатско значење, Манчестер Сити го декласираше Ливерпул со 4:0. Повеќе од јасно е дека за тазе првакот на Англија повеќе нема мотиви за игра до крајот на сезоната, а тоа се гледа по оваа “хемија“ меѓу Мане и топката.

Кога сака Мурињо знае да биде голем џентлмен

Шефилд Јунајтед синоќа го изненади Тотенхем со 3:1, Мурињо беше бесен на судиите поради поништен гол на Хари Кејн, но сепак се врати на терен и му го прекина интервјуто на колегата Крис Вилдер за да му честита. Овој прво се збуни, а потоа потегот му го нарече класа.

Што би рекле Битолчани, ја љуфна

Васко де Гама едвај со гол во 84' минута ја победи Мадуреира, а мечот можеше да отиде во друг правец многу лесно ако во 15' минута гостинскиот фудбалер Кататау не се посрамотеше.

Најслучајната асистенција на сезоната

Фудбалерите на Удинезе синоќа ја изненадија Рома на Олимпико со победа од 0:2. По пауза од седум месеци меѓу стрелците беше Илија Несторовски во второ полувреме, а во прво стрелаше Кевин Лазања на асистенција на Родриго кој имаше сосема друга идеја. Не сте виделе посреќна асистенција.

Конечно гол на Несторовски и тоа на Олимпико

По Алиоски и Барди, меѓу стрелците на македонските репрезентатвци во странство на ред дојде и човекот кој се изнамачи да стигне до оваа радост. За него ова е само гол број 2 сезонава на 17 настапи во Серија А, но многу важен.

Сити со шампионски коридор и аплаузи го пречека Ливерпул

Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.

3 минути носталгија - најдобрите голови на Шева во Лига на шампиони

59 натпревари. 29 голови, 10 асистенции, 1 пехар во Лига на шампиони. Неверојатниот Украинец ги решеташе противничките мрежи со десна, со лева, со глава, во трк, од слободен удар, од секоја позиција.

Новиот лик на РК Вардар кој се освежи со вкупно девет засилувања

Готово, Михајло Михајловски го стокми тимот за следната сезона. Денеска го доби последното засилување и заедно со осумте староседелци кои ги продолжија договорите, во Јане Сандански се очекува на есен да се појави респектабилен тим за нови предизвици.

Најстариот хокеар на светот има 98 години и уште игра

Марк Сертиќ од Минесота е најстариот аматерски хокеар на планетата. Што се однесува до професионалците, рекордот и натаму го држи Горди Хоу кој ја завршил профи кариерата на 52 години и Јаромир Јагра, легендарен Чех кој уште игра на 48 години.

Причините поради кои Арсенал од гигант стана просечен клуб

Неодамна Робин ван Перси јавно го кажа она што многумина го мислат - денешниот Арсенал е екипа без победнички менталитет. И во право беше. Во клубот играат полу-играчи на кои не им е важно да се борат за највисоки цели зошто целиот амбиент во клубот е таков.

Во Данска поединци не држеле дистанца, брзо ги исфрлиле од стадион

Во финалето на данскиот Куп се сретнаа Олборг (шестопласирана екипа на табелата) и Сендерјиске (се бори за опстанок во лигата). Мечот го одбележи прекин поради неколку неодговорни поединци.

ФФМ гледај и примени нешто

Додека Фудбалската федерација на Македонија се занимава со седници на Управни одбори и одлуки на комисии за жалби и поплаки, нивните колеги од Исланд работат на уште поголема популаризација на репрезентацијата.