За да се заштитат од повреди поради тоа што и Џонс и Тајсон се во поодминати години (заедно имаат 105), вообичаените боксерски утврдени правила ќе доживеат промени.
На тие промени „кумуваа“ новинари, стручњаци, самите боксери, организаторите па дури и првиот човек на UFC Дејна Вајт.
ПРАВИЛАТА ПРВИЧНО ТРЕБАЛЕ ДА БИДАТ МНОГУ ПОСТРОГИ АМА БОКСЕРИТЕ ОДБИЛЕ
Веднаш откако се договори борбата Тајсон - Рој Џонс, се поставуваа прашања за правилата под кои ќе боксуваат 54-годишниот Мајк и 51-годишниот Рој.
Шефот на Атлетската комисија на државата Калифорнија Енди Фостер објави дека ќе има многу строги правила. Првично е одлучено да има 8 рунди по 2 минути, а потоа следувале измените.
Фостер прво рекол дека боксерите ќе боксуваат со шлемови, но подоцна оваа одлука е отфрлена.
Тајсон и Рој Џонс ќе користат ракавици од 12 унци кои се користат најчесто за спаринг дуели но никогаш за реални борби. Решено било и во рингот да нема судии, да не може да се нокаутира противникот и да не се прогласува победник.
Спорен момент и оној мечот да се прекине ако се појави расекотина кај еден од боксерите. Во оваа смисла мечот потенцијално можеше да не личи ниту на спаринг, туку на апсолутна фарса со учество на две легенди.
Тајсон и Џонс на крајот биле категорично против таков формат на правила.
„Со вас нешто не е во ред ако верувате во такви правила на борба. Кој би излегол против Мајк со помисла дека ќе има само изложба од борба? Нема да носиме шлемови. Показна борба? Не. Се ќе биде како права борба“, изјавил Рој Џонс.
Тренерот на Тајсон, Рафаел Кордеиро соопштил дека неговиот боксер ќе ги наруши ограничувањата.
„Две легенди во рингот и двајцата ќе сакаат достоен крај. Ние во сала имаме целосен спаринг и на Мајк тоа му се допаѓа. Никој не би спаринугвал цел месец да се спрема за обичен дуел. Ова ќе биде права борба. Нашиот план е во тоа да ја покажеме самата суштина на Мајк Тајсон. Ако он сфаќа дека го има Рој, ќе тргне во нокаут“.
Најбурно реагирал Рајан Каван, еден од главните организатори на овој бокс меч на легендите и сопственик на Triller, платформата која ќе го пренесува мечот.
„Знаеме дека околу нас има многу лажни гласини, па да појасниме: WBC ќе води смета. Во рингот ќе може да има нокаут и ќе има победник.
Сите кои зборат дека ќе нема судии или победник, или не ги разбрале правилата или сами си прават дневен ред. Ова не доаѓа во предвид. 100%. Единствена разлика од досегашната пракса е што ќе носат ракавици од 12 унци и ќе има 8 рунди по 2 а не по 3 минути“.
Шокиран од предложените измени на правила за да се осигураат боксерите од евентуални повреди кои не би можеле да ги поднесат, бил и Дејна Вајт, првиот човек на УФЦ.
„Правило да не смее нокаут? Како ќе го одржат тоа правило во рингот? По ѓаволите, јас не знам како тоа да нема победник, што чудна борба би била таа“?
Мечот се организира под закрила на Светскиот боксерски совет (WBC). Претседателот на оваа организација, Маурисио Сулејман смислил и нова титула, нов појас за оваа борба - WBC Frontline Battle Belt, но подоцна го исполитизирале и ќе се вика WBC Black Lives Matter.