Фудбалерите на Наполи место со своите броеви натпреварот го одиграа сите со иста бројка, а тоа е легендарната 10-ка која клубот ја повлече во 1991-ва.
Меѓу нив беше и Елиф Елмас кој Гатузо го избра меѓу стартните 11, а од спротивната страна играше стоперот на Македонија Дарко Велковски.
Ова е прва, а веројатно и последна можност и чест некој македонски фудбалер да се појави и да одигра натпревар на Сан Паоло со бројот 10 на грбот.
Го носеше фудбалскиот бог на Наполи, кој во 80-те му пркосеше на моќниот север отсекогаш доминантен во италијанскиот фудбал. Со него прв пат некој клуб од Јужна Италија ја почувствува магијата на Скудетото.
Стана и најдобар стрелец во историјата на Наполи со 115 гола, рекорд срушен од страна на Марек Хамшик во 2017-та, кој сега го држи Дрис Мертенс.
Постот на Елмас на Инстаграм
In the Napoli vs Rijeka match in the Europa League, all Napoli players use the number 10 as a form of respect for Napoli's greatest legend, Diego Maradona. #Maradona #Maradona60 #MaradonaRIP #Napoli #SSCNapoli pic.twitter.com/FrS3D1teEH
— ꧁ꦲꦃꦩꦠ꧀ꦮꦶꦢꦶꦪꦤ꧀ꦠꦺꦴ꧂ (@ahmatwidianto) November 27, 2020
А како беше надвор?
Повеќе тука