Offside

Кошаркарите на Србија и Франција го одиграа првиот од двата пријателски натпревари. Србите победија 90:87 во преполна белградска „Арена“ пред повеќе од 20.000 гледачи кои гледаа спектакл.

Два нови гола на Дени Мусовски во МЛС

Додека ние ја гледавме нашата фудбалска репрезентација а во Лос Анџелес сите очи беа свртени кон финалето Лејкерс - Мајами Хит во Орландо, младиот Дени Мусовски постигна 2 нови гола за Лос Анџелес ФЦ. Славеа 3-1 против Сиетл Саундерс а Мусовски беше играч на мечот. Можеби ова ќе ги буцне луѓето од ФФМ да му се јават, да го побараат.

Најлудите 31 поен на земја во историјата на дуелите Надал - Ѓоковиќ

Два титани со најмногу меѓусебни дуели во историјата на машкиот тенис. Рафаел синоќа во Париз го испраши индиспонираниот Новак како ретко кога во кариерата (Од 300 и кусур натпревари на Гренд Слем, Ѓоковиќ само четири пати изгубил сет со 6:0). А финалето изобилуваше со убави поени, како и секогаш кога играат Шпанецот и Србинот.

Кралот се врати

Во финалето на Ролан Гарос, неверојатниот Рафаел Надал во три сета убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6:0, 6:2 и 7:5) и го освои 20-от Гренд Слем во кариерата со што се израмни со Роџер Федерер.

До кого беше првиот повик на Леброн од шампионската прослава во соблекувална

„Низ што сè не помина, што сè јас не видов, нема ништо што ќе ме сопре. Се надевам дека те направив горда, мамо“. Кралот Брон со трипл-дабл го реши Мајами, стави точка на финалето, на Лејкерс му ја донесе рекордната 17-та титула а на себе 4-та во кариерата. Првиот повик беше до мајка му Глорија.

На улиците на Лос Анџелес ечеше „Коби, Коби“

Предводени од неверојатниот тандем Дејвис - Џејмс, ЛА Лејкерс ја освоија првата титула после цели 10 години, а вкупно 17-та во историјата на франшизата. Се израмнија по број на титули со Бостон Селтикс благодарение пред сè на Леброн кој одигра лудачко финале.

ЛА Лејкерс е новиот шампион во НБА, Леброн до историја

Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Мајами Хит во шестиот натпревар од големото НБА финале со 106:93 и заслужено ја освоија шампионската титула со конечни 4-2.

Кевин, не си арен ти со пасов

Кевин Де Брујн е добитник на многу индивидуални признанија, како на пример плејмејкер на сезоната во Премиер лига и тоа два пати. Дечкото е толку заебан и непредвидлив што не знаеш до колку може да импресионира кога ќе додели топка.

Што нема да му текне на Рамос во одбрана

Иако на прва ова ќе ви заличи на пенал, сепак судијата веројатно го толкува како одење и одземање на топка, со оглед на тоа што прво му ја исфрли. Што столб од играч ќе беше, секогаш со интелигентни решенија.

Македонија се спаси од пораз во Талин

Македонската фудбалска репрезентација не ја оправда фаворитската улога против Естонија, 108-ма на рангот на ФИФА и среќа што стигна до реми со оглед на тоа што на 10 минути до крај губеше 3:1. Трајковски промаши пенал.

Син му на Ван Перси цел на татко му

Ако денот по утрото се познава, од малиот на Ван Перси ќе биде нешто. Се вика Шакил има 14 години и игра за младинските категории на Феенорд. Во големото дерби против Ајакс У-15, постигна гол буквално во стилот на Робин.

Го викаа Бамби на мраз, а сега е најдобар стрелец во Англија

Англискиот фудбал одамна чекаше и дочека центарфор кој со своите карактеристики ќе се двои од класичните англиски деветки и ќе се надополнува со Хари Кејн во шпицот на репрезентацијата. Младиот Доминик живее бајка благодарение на Карло Анчелоти.

Во УФЦ првпат е виден таков нокаут

Жоакин Бакли на невозможен начин го победи ривалот Импа Касангај во втората рунда од турнирот на УФЦ и својата дебитантска победа во шампионатот ќе ја памети по луд нокаут.

Бидна и тоа, натераа ракометари да играат со маски, играше и наш репрезентативец

И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.

Не е готово додека Џими не каже

Мајами Хит ги совлада ЛА Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во серијата од големото финале. Џими Батлер одигра уште еден неверојатен меч и ја потврди својата класа.

Кога на пасошка ќе ти се појави Роналдо

Тоа е таа блажена насмевка кога добиваш чест на Роналдо да му провериш пасош. Кристијано Роналдо е тоа, а не Ведат Муричи.

Кога Фату и Адама ќе си поиграат со топка

Се сменија времињата и во вакви наслови обично стоеа ликови од типот на Иниеста и Чави. Ама затоа навиките не се менуваат. Шпанија е тоа и доаѓаат други опасни генерации како што се веќе прочуениот талент на Барса и тоа крилото од Вулверхемптон со кој нејќеш да влезеш во дуел.

Ништо Баби од планот а?

Човекот кој обожува да се обложува на сè, ама буквално.

Фото на денот

Пред еден од најважните натпревари во неговата кариера кој со душа го чекаше, се најде во булшит ситуација речиси цел тим да му биде заразен од Ковид 19. Во тие стресни моменти да не излезе следниот тест да му биде позитивен, во карантин една недела и без тренинг, сепак успеа да дојде и да изгине за Македонија. Така што да, ова е вистинското фото на денот бидејќи не мисли на годините, туку на сонот наречен ЕП.

Види го ти Жоргињо мајстор за гитара

Италијанската фудбалска репрезентација ужива со селекторот Роберто Манчини. Не знаат за пораз, играат добар фудбал, а Манчо има широк список од 50-ина играчи на располагање да бира. Па после свиреле и пееле, па ќе свират.

Познато со кого и каде би играла Македонија на Европско 2021

На 9-ти август Македонија гостуваше кај Грузија во рамките на новото издание на Лига на нации и со реми од 1-1 и добра игра покажа дека апсолутно е кадарна овојпат да го победи противникот и да се пласира на историско Европско првенство.

Докторски лоб на Милинковиќ за финале на Србија

Паралелно со дуелот Македонија - Косово, во Осло Србите водеа тешка битка против Норвешка за пласман во финале во Лигата Ц. Херој на средбата беше џокерот Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Пирло најдовте да го оставите сам?

Стручниот штаб на Јуве се рекреираше со мал фудбал. Тој што сака да даде гол нека се моли да падне во екипата на главниот тренер кој има докторат на тема асистенции, без разлика што не е активен играч.

Рики го искина тапанот пред хотел

Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.