Иако Харден потпиша со Бруклин Нетс уште пред три дена, на неговото деби за новиот клуб се чекаше толку долго поради тоа што во трампата учествуваа 4 клуба и дури 7 играчи! Од таа причина трансферот на Харден во Бруклин не можеше да биде официјализиран додека сите трејдувани играчи не поминат медицински прегледи.
Проблеми се јавиле со Карис Леверт, некогашниот играч на Нетс кој преку Хјустон во трејдот за Харден прејде во Индијана. Брадата го носи дресот со број 13 кој го земал од помладиот соиграч Лендри Шемет.
Beard's first bucket in Brooklyn 😮 pic.twitter.com/jiGLPmMnsu
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 16, 2021
Џејмс Харден стана прв играч во историјата со трипл-дабл со над 30 поени на своето деби и седми играч во историјата на НБА кој дебитирал со трипл-дабл. На истиот меч синоќа Кевин Дурент кој на времето во Оклахома играше со Харден како и Џеф Грин, блесна со 42 поени, 5 асистенции и 4 скока, а супер настап имаше и Џо Херис со 17 поени и 5 скока. Кај Меџик, Никола Вучевиќ уфрли 34 поени, 10 скока, 7 асистенции и 5 украдени топки.
Јавноста едвај чека во состав да се врати и третата најголема ѕвезда на Бруклин, Кајри Ирвинг кој ако влезе брзо во форма, би можеле да очекуваме сериозни резултати од оваа симпатична екипа.
Нетс имаат 8-6 од стартот на сезоната, а Орландо Меџик 6-7