Клатенбург тврди дека Клоп е лицемерен, ама дека Јунајтед стварно добил повеќе пенали

Во недела се игра најголемото дерби на англискиот фудбал: Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а главна тема деновиве е судењето.

Сè започна со изјавата на Јирген Клоп дека Манчестер Јунајтед изведува многу пенали, дека откако е Солскјер тренер, извеле повеќе пенали отколку што Ливерпул добил пенали за 5 години колку што Германецот седи на клупата.

И да, Клоп до некаде е во право затоа што практично за 5 ипол години додека тој го води Ливерпул: Јунајтед извел 32 пенали, а „црвените“ од Енфилд 30 пенали.

Јирген веднаш беше обвинет дека врши притисок врз судиите. Прв се огласи токму Солскјер:

„Не сметам колку пенали имале они. Ако сакаат да губат време на броење фаули од нашите напади... Јас не губам време на тоа. Не можам да зборам за други тренери. Можно е тоа да влијае на судиите“.

КЛАТЕНБУРГ ТВРДИ ДЕКА КЛОП ИГРА ПСИХОЛОШКА ИГРА

На Оле му се придружи и некогаш најдобриот европски судија и број еден арбитар во Премиер лига, Марк Клатенбург.

Овој англиски судија напиша колумна во Дејли Мејл во која го обвинува Јирген Клоп за mind games (борба за психолошка предност) и за притисок врз судиите.

„Јирген Клоп веројатно е загрижен, но неговите коментари за Манчестер Јунајтед и пеналите се како методиката на сер Алекс Фергусон. Тоа е психолошка игра - обид да се влијае вр судијата Пол Тирни и да му се влезе во глава пред мечот Ливерпул - Јунајтед.

Клоп е во право кога вика дека Јунајтед извел повеќе пенали за две години отколку Ливерпул за пет ипол години со него. Постапи итро, зошто за такви коментари ништо не му се заканува.

Но дајте да објасниме: нема никаков приговор за судии и официјални лица. Или сметал дека во Јунајтед има играчи кои глумат? Ако мисли на првото, тогаш не би губел време на тоа. Тоа е невистина.

ИГРАЧИТЕ НА ЈУНАЈТЕД ЛЕСНО ПАЃААТ ВО ШЕСНАЕСЕТ МЕТРИ, КЛАТЕНБУРГ ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ЛЕГИТИМНО НО ОН НЕ БИ СВИРЕЛ ПЕНАЛИ

„Ако Клоп сакал да каже дека некои играчи на Јунајтед лесно паѓаат во поле, да, во право е. Но ги игнорира истите потези на неговите ѕвезди во тимот.

Внимателно ги гледав сите 11 пенали кои Манчестер ги доби сезонава. Според мене дури за 5 пенали иницијатор на контакт бил играч на Јунајтед. Тоа беа Рашфорд, Марсијал, Погба и Гринвуд. И ако пеналот е веќе досуден, ВАР ретко менува одлуки“.

Клатенбург дури и разработил 3 пенали за кои вели дека тој не би ги свирнал. Се работи за епизодите: Пол Погба против Астон Вила, Маркус Рашфорд против Њукасл и Мејсон Гринвуд против РБ Лајпциг.

Понатаму во колумната, најпознатиот поранешен англиски судија вели дека Алекс Фергусон бил мајстор за психолошка војна и дека влијаел на судиите со притисок.

„Јас сум единствен судија кој свирнал три пенали за противник на Манчестер Јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“ и тоа баш против Ливерпул во 2014 година. Но тогаш тренер беше Дејвид Мојес, не мислам дека тоа би се случило при Фергусон“.

„Клоп јавно е лут зошто знае дека такви обиди влијаат кај судијата пред топ дуелите, обиди какви што не сме виделе од време на Ферги. Клоп не правеше така минатата сезона кога Ливерпул победуваше секое коло“, пишува Клатенбург.

Подоцна во приказната се вклучи и еден од актерите на досудените пенали за Јунајтед сезонава, Маркус Рашфорд. Тој изјави дека Мурињо го научил како да заработи пенал.

Мечот Ливерпул - Манчестер Јунајтед се игра во недела на 17 јануари. Судија ќе биде Пол Тирни. Навивачите на Ливерпул веќе ископале по статистиката: на последните 10 меча Тирни досудил 5 пенали за Манчестер Јунајтед, а на 14 меча на Ливерпул ниту еден пенал (0).