Се сеќавате ли на Хименез?

И да сте подзаборавиле на него е нормално затоа што веќе 10 години како не е дел од европскиот фудбал. Смени неколку арапски екипи, а од лани е на своја почва во чилеанскиот прволигаш Палестино. На 36 години се отвори со ножички, а во истата акција претходно за влакно испушти чудесија од гол.

Инаку Луис Хименес меѓу другите клубови, играше за Фиорентина, Лацио, Парма, Вест Хем, а со Интер освои две Скудета во 2008-ма и 2009-та.

15 јануари 2021 - 11:09