Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Ја видовте ли прославата на Нејмар пред Кимих?

Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.

Како се снима навивачката химна на Македонија

Се вика „Одиме на Европско“, ќе се снима во шест градови низ државава и секој може да се пријави како статист. Вчера ги начекавме со автобусот низ град.

Невозможен гол од мртов агол

Марко Леонардо од Сантос го фрли во транс коментаторот кој почна да завива после овој чудесен погодок од речиси невозможна позиција. Сите други од ваков загубен агол би пробале да нафрлат, а овој го збуни голманот и му ја смести зад грб.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

Пандев за грчка Газета: Насмевките на моите сонародници за пласманот на ЕП е најубавото нешто во мојата кариера

„Никогаш не верував дека ќе ја видам мојата репрезентација на голем настан. Но, како човек верувам во судбина и судбината сакаше тоа да се случи. Имам освоено сè од титули, но да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Ги давав сите освоени трофеи за да одам на ЕП“.

Квиз на денот со Беневенто балкан фанс

Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.

Борбата се исплатеше: Толку од досадниот понеделник во Германија

28. коло во германската Бундеслига во понеделникот вечер го затворија Хофенхајм и Баер Леверкузен и тоа со 0:0, досаден резултат со кој се завршува ерата на понеделнички фудбал во Германија против кој протестираа илјадници луѓе.

Драматична трка за титула во Шпанија, кој со кого до крајот?

Како стојат работите, во најдобрите топ 5 лиги во Европа, најинтересно во финишот ќе биде на Пиринеите. Таму трите најголеми титани до крај ќе се борат за најдрагоцениот пехар - шампионска титула во Ла Лига. Кој е во најдобра положба?

Нема ништо невозможно за Лука Дончиќ

За него најнормална работа е трипл дабл, ама сега не зборуваме за кошаркарски натпревар, туку за загревање пред натпревар на кое прави мешавина од два спортови. Него кажете ова дали е нормално? И како е можно да не ја допре таблата од тој агол?

Напредок од Кичево е на стаклени нозе

Нови неубави вести за мак фудбалот. По сите долготрајни и мачни моменти околу судбината на 11 кратниот шампион на Македонија, уште еден познат клуб моли за помош бидејќи се наоѓа пред колапс.

Дојдете со 7 играчи ќе ви играме, другите се позитивни

Најнеизрамнетата игра за време на пандемијава се одигра во Колумбија и тоа во прва лига каде Агилас Дорадас одигра натпревар на мускули кој траеше 79 минути. Прв тим не можеа да состават, а не па резерви.

Мексикански гол на месецот од 80 метри

На дуелот меѓу Пачука и Пуебла во лигата на Мексико, гостите славеа 1-3. Последниот гол на мечот го постигна Салвадор Рејес кој ја запечати победата со гол сличен на маалските од гол на гол после три корни.

Волејот е најсладок кога е во 97-ма минута

Едно е тоа што му легна и што ја зафучари многу јако и мајсторски, а друго што со овој еврогол го спаси својот тим од пораз во последните мигови од средбата. Јунакот кој неделава гордо ќе оди на тренинг се вика Јуто Никида.

Јуначките слободни фрлања на Коби со скината тетива

На 12 април НБА лигата памети едно ретко видена храброст и пожртвуваност која не ја прави друг спортист. Се случи пред 8 години на мечот меѓу Лејкерси и Голден Стејт.

Супер компилација со комичниот Јокиќ

Кога е сериозен прави бељи на терен и руши рекорди, како пред една недела кога по 81 пат во кариерата стигна до миниум 10 асистенции на натпревар и со тоа го урна рекордот на Вилт Чембрлен. Ама кога е во елемент прави доволно хумор за да може сите комични моменти да му ги соберат во едно.

Од кога си отиде Роналдо, Меси нема дадено гол против Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси во својата кариера постигна 26 гола во „Ел Класико“, ама последниот го дал пред речиси три години!

Македонија е суштината на репрезентативен фудбал

Денови, недели после огромниот успех на Македонија во Дуизбург против Германија, сè уште се анализира тоа чудо. Му се пристапува од сите страни за да се најде логиката и најверојатно формулата ја открија Дарко Плавшиќ, Иван Лончаревиќ и Владимир Новаковиќ, коментаторите од белградското студио на Спортклуб.

Гробарите на ФК Вардар

Моменталната ситуација во Вардар во една слика...

Лажњак и за играчот и за камерманот

Интересна ситуација се случи во преносот од мечот меѓу Барнли и Њукасл. Фудбалерот на гостите Алан Сен Максимен во еден момент го сецна чуварот за да тргне на лево, ама на потегот се излажаа и дефанзивецот и камерманот кој го утна кадарот и си го сними колегата.

Не ви давам друг пат изјава

Не е проблем да ви дадам, ама немојте друг пат вакви стресови да ми правите, треба и на следната да играм. Инаку оваа немарност се случи во Мароко каде прошло коло го видовме најголемиот циркуз на планетава.

За што разговараа Пандев и Буфон, двете вечни легенди

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска со својата Џенова изгуби од шампионот Јувентус 3:1. Гоче одигра 63 минути и не успеа да ја затресе мрежата на тимот кој неколку пати го матираше во минатото. Во еден момент Пандев разговараше и се посмеа со Буфон, па многумина нагаѓаат дека се шегувале за пензијата.

Колку пива има испиено Страхиња Милиќ во една вечер?

Имаме ние една инсајдерска информација за неговата фасцинантна бројка остварена во скопски ноќен клуб, ама Џамбо не поби и тоа со малку повеќе од тоа што ние го знаевме. Ако некој има намера да се такмичи со него, го советуваме воопшто да не почнува.

Спремајте се за Букурешт, официјално ќе биде со публика

По цела една година и кусур празни и пусти стадиони, фудбалот наскоро колку толку ќе добие поголем драж. ЕП 2020 дефинитивно ќе се игра со навивачи. Стадионите нема да бидат фул, ама со оглед на лудово време и ова е добро.