Арбреша Реџепи е поразена од џудистката Челси Џил од Велика Британија (11:0), во категоријата до 52 килограми, која со ипон ја совлада македонската претставничка на игрите во Токио.
Со боксерски речник тоа значи предвремен прекин на борбата (технички нокаут).
Мaкедонската џудистка со ова е елиминирана на ЛОИ во Токио, уште во првото коло на турнирот во џудо.
На првиот ден од игрите, Борјан Бранковски го освои 21. место во квалификациите во стрелаштво во дисциплината 10 метри воздушен пиштол и со тоа оствари нов државен рекорд.
Пливачот Филип Деркоски го подобри своето најдобро време на 400 метри слободно со кое беше пријавен, но заврши последен во квалификациите.
Следен наш претставник е Дејан Георгиевски кој ќе се натпреварува во таеквондо на 27 јули.