Бранковски оствари резултат од 573 кругови (или по серии: 94, 93, 98, 95, 96, 97) и прецизност од 9,55 во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри.
Тој заврши на 21 место од 36 натпреварувачи, но не успеа да обезбеди пласман во финалната серија.
Ова е нов државен рекорд, за жал недоволен да остане во борба за олимписки медал.
Нов олимписки шампион во стрелаштво на 10 метри со воздушен пиштол е Џавад Форуги од Иран, среброто замина кај Дамир Микец од Србија, а бронзата и припадна на Кина, односно Веи Панг.