Маршот на Македонија во Токио

Македонската делегација продефилираше на Летните Олимписки игри во Токио, а знамето гордо го вееше Дејан Георгиевски кој е дел од осуммината наши претставници и кој има највисоки амбиции.

Меѓу 250-те земји учеснички, на свеченото отворање на игрите Македонија се појави под реден број 51, а знаменосец беше Дејан Георгиевски кој на 28 јули ќе се натпреварува во таеквондо.

До него се појави Арбреша Реџепи, која во последен момент доби дозвола да биде дел од отворањето, откако вчера беше објавено дека била во контакт со позитивно лице на Ковид.

На промоација во МОК, Георгиевски изјави дека како дел од 16-те најдобри теаквондисти нема намера да оди само колку да учествува, туку најави дека ќе се бори и за медал.

Од осуммината македонски спортисти, викендов ќе се натпреваруваат тројца.

Утре се Филип Дерковски во пливање на 400 метри и Борјан Бранковски во пукање со воздушен пиштол (10 метри), а во недела ќе настапи Арбреша Реџепи во Џудо.

Сите македонски претставници и деновите во кои настапуваат.

23 јули 2021 - 14:20