Македонија во Токио ќе ја претставуваат осум спортисти во седум спортови, а листата изгледа вака:
Дејан Георгиевски (знаменосец) - ТАЕКВОНДО
- Ќе настапи на 28 јули, истиот ден ќе се одржат и борбите за медал.
Магомедгаџи Нуров- БОРЕЊЕ
- Првиот настап ќе го има на 6 август, борбите за медал се закажани за 7 август.
Пуликсенија Јовановска - КАРАТЕ, КАТИ
- Ќе настапи на 5 август, истиот ден се и борбите за медал.
Јован Стојоски - АТЛЕТИКА (400 метри)
- Квалификационата трка е закажана за 1 август, трките за медал на 2 август.
Миа Блажевска Еминова - ПЛИВАЊЕ (100 метри)
- Ќе настапи на трката закажана за 28 јули
Арбреша Реџепи - ЏУДО
- Ќе настапи на 25 јули, истиот ден се и борбите за медал
Филип Дерковски - ПЛИВАЊЕ (400 метри)
- Неговата трка е закажана за 24 јули
Борјан Бранковски - СПОРТСКО СТРЕЛАШТВО, ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ (10 метри)
- Ќе се натпреварува на 24 јули
Македонското знаме ќе го носи таеквондистот Дејан Георгриевски, а според новите правила на ИОК, знаменосец треба да биде и девојка, па друштво ќе му прави и џудистката Арбреша Реџепи.
Најсјајното олимписко одличје е сон на знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо.
„Мојата цел не е само да учествувам на Олимпијадата, тука да освојам медал. Јас во Токио ќе бидам еден од најдобрите 16 таеквондисти. Повеќето од противниците веќе ги имам победувано и верувам дека ќе можам да се вратам со медал, и тоа не со било каков туку со златниот. Едноставно сигурен сум дека на овие ОИ можам да го победам секој противник“, изјави Дејан Георгиевски кога МОК ги промовираше претставниците.
Шанса за медал има и борачот Нуров кој со Дејан Георгиевски се двајцата наши спортисти со А норма за ЛОИ.