Душан Влаховиќ од Фиорентина има 21 година и е мета на големи клубови. Ако и во новата сезона продолжи како минатата, ништо чудно цената од 40 милиони евра да му рипне и да го гледаме во напад во некој од гигантите.
Поранешниот напаѓач на Партизан кој стана член на Виолетовите на денот кога наполни 18 години, минатата сезона решеташе со 21 погодок во Серија А и се наметна како еден од главните играчи на тимот од Фиренца.
И покрај тоа што Фиорентина имаше контролен натпревар против нисколигашот Фолињо кого го совладаа со 11:0, сепак реализацијата на Влаховиќ викендов беше хит.
Даде 7 гола за 35 минути, што не е за потценување без разлика на името на противникот.
Влезе во вториот дел и го полнеше противникот од 46-та до 80-та минута.