Offside

Светскиот шампион Германија ја обедини и европската титула откако вечерва во феноменално финале со драматична завршница ја совлада одличната Турција 88:83!

Син му на Ван Перси цел на татко му

Ако денот по утрото се познава, од малиот на Ван Перси ќе биде нешто. Се вика Шакил има 14 години и игра за младинските категории на Феенорд. Во големото дерби против Ајакс У-15, постигна гол буквално во стилот на Робин.

Го викаа Бамби на мраз, а сега е најдобар стрелец во Англија

Англискиот фудбал одамна чекаше и дочека центарфор кој со своите карактеристики ќе се двои од класичните англиски деветки и ќе се надополнува со Хари Кејн во шпицот на репрезентацијата. Младиот Доминик живее бајка благодарение на Карло Анчелоти.

Во УФЦ првпат е виден таков нокаут

Жоакин Бакли на невозможен начин го победи ривалот Импа Касангај во втората рунда од турнирот на УФЦ и својата дебитантска победа во шампионатот ќе ја памети по луд нокаут.

Бидна и тоа, натераа ракометари да играат со маски, играше и наш репрезентативец

И покрај тоа што носењето маса е непријатно во нормални секојдневни околности, а камоли играње професионален спорт под нив, во шпанската АСОБАЛ лига им наложи на ракометарите стриктно да носат маски.

Не е готово додека Џими не каже

Мајами Хит ги совлада ЛА Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во серијата од големото финале. Џими Батлер одигра уште еден неверојатен меч и ја потврди својата класа.

Кога на пасошка ќе ти се појави Роналдо

Тоа е таа блажена насмевка кога добиваш чест на Роналдо да му провериш пасош. Кристијано Роналдо е тоа, а не Ведат Муричи.

Кога Фату и Адама ќе си поиграат со топка

Се сменија времињата и во вакви наслови обично стоеа ликови од типот на Иниеста и Чави. Ама затоа навиките не се менуваат. Шпанија е тоа и доаѓаат други опасни генерации како што се веќе прочуениот талент на Барса и тоа крилото од Вулверхемптон со кој нејќеш да влезеш во дуел.

Ништо Баби од планот а?

Човекот кој обожува да се обложува на сè, ама буквално.

Фото на денот

Пред еден од најважните натпревари во неговата кариера кој со душа го чекаше, се најде во булшит ситуација речиси цел тим да му биде заразен од Ковид 19. Во тие стресни моменти да не излезе следниот тест да му биде позитивен, во карантин една недела и без тренинг, сепак успеа да дојде и да изгине за Македонија. Така што да, ова е вистинското фото на денот бидејќи не мисли на годините, туку на сонот наречен ЕП.

Види го ти Жоргињо мајстор за гитара

Италијанската фудбалска репрезентација ужива со селекторот Роберто Манчини. Не знаат за пораз, играат добар фудбал, а Манчо има широк список од 50-ина играчи на располагање да бира. Па после свиреле и пееле, па ќе свират.

Познато со кого и каде би играла Македонија на Европско 2021

На 9-ти август Македонија гостуваше кај Грузија во рамките на новото издание на Лига на нации и со реми од 1-1 и добра игра покажа дека апсолутно е кадарна овојпат да го победи противникот и да се пласира на историско Европско првенство.

Докторски лоб на Милинковиќ за финале на Србија

Паралелно со дуелот Македонија - Косово, во Осло Србите водеа тешка битка против Норвешка за пласман во финале во Лигата Ц. Херој на средбата беше џокерот Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Пирло најдовте да го оставите сам?

Стручниот штаб на Јуве се рекреираше со мал фудбал. Тој што сака да даде гол нека се моли да падне во екипата на главниот тренер кој има докторат на тема асистенции, без разлика што не е активен играч.

Рики го искина тапанот пред хотел

Македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра и трето полувреме ама пред хотел, каде беше пречекана со музика. Се пееше, се вртеше оро, Џани ја фати гитарата, а кулминација настана кога Стефан Ристовски го грабна тапанот.

Херојската одбрана на Столе во 95-та

Воопшто не беше комотна предноста на Македонија од 2:1 и за влакно ќе продолжевме со губење нерви во продолженија два пати по 15 минути ако Косово го реализираше зицерот во финишот. Но Димитриевски нè спаси од тие непотребни луксузи.

Елмас со цело срце за Македонија

Една од најважните алки во играта на Македонија вечерва не можеше да биде на терен затоа што беше позитивен на Ковид 19, но затоа го облече репрезентативниот дрес во Неапол и им испрати емотивна порака на своите соиграчи. 

Славете ѕверови

Само ние новинарите се слушавме вечерва на Градски поради проклетиот Ковид кој спречи вечерва да грмат 30.000 гледачи, а по последниот свиреж на судијата од центарот на теренот се слушна и „Едно име имаме“ во изведба на репрезентативците.

Мрме во делирум по последниот свиреж

Тежеше овој натпревар, многу тежеше. Не затоа што Косово е опасен противник, туку затоа што ова беше соседско дерби и за прв во историјата претпоследна пречка за испишување историја која му се падна на Ангеловски. Затоа експодираше на крај од радост и трчаше по цел терен. Заслужено мајсторе.

Доста ти е Косово, во финале оди Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го доби долго очекуваниот меч со Косово со 2:1 и сега е на само 90 минути до историски пласман на ЕП 2021. Во финалната битка и гостуваме на Грузија.

Бомбастичен гол на Чурлинов во Казахстан

Македонија У21 го декласираше Казахстан во евроквалификациите со 1:4, а творец на мечот беше фудбалерот на Штутгарт, Дарко Чурлинов кој блесна со два гола и асистенција. Резултатот го отвори со маестрален погодок, а Македонија сега е втора во битката за нов настап на ЕП.

Наслов на денот

Пусти Дејвид Симан, 18 години е асоцијација по тоа што прими гол од корнер, а сега пази ова како е срочено.

Во Косово фудбалерите во 90-те се замивале во река

Во периодот кога ние ја пишувавме историјата во Крањ со Панчев, Чоко и цела таа банда, нашите соседи уште абер немале од репрезентативен фудбал, а прволигашкиот им бил бетер од селски. Но ете сме сега и тие и ние со шанси за историја, за која се потребни уште 180 минути.

Зидан со вакви асистенции може уште да игра за Реал

Човекот е гениј. Освои еден куп титули со Реал во Лига на шампиони, замина на кратко, па пак се врати и стана шампион на Шпанија. Играчите просто уживаат со таков магионичар на терен.